Моќна порака од Србинка: „Не сакам да држам диета до крајот на животот, бирам здравје“

Ката Ивакиќ Вуксановиќ е „нетипична“ српска инфлуенсерка и инспирација. На нејзиниот профил нема да видите лажирани, извештачени и фотошопирани фотки.

Ne-sakam-da-drzam-dieta-do-krajot-na-zivotot-01.jpg

Наместо ова, ќе пронајдете вистинска инспирација – за размислување, здраво слабеење, винтиџ гардероба од „втора рака“ и многу совети од областа на дигиталниот маркетинг, но и јогата и здравото комбинирање на намирници.

Една од нејзините последни објави се однесува токму на диетите и здравиот начин на исхрана, а смета дека многумина треба да постигнат здрав однос со храната наместо поставување нереални очекувања. 

Нејзината објава:

„Не сакам да држам диета до крајот на животот. Дури ни ВМА диетата. Ниту хроно диета. Ни кето диета. Без апчиња за слабеење. Никаква диета.

Не сакам да се откажам од грашок. Од боранија. Дури ни од грав. Од сирење.

Не сакам да јадам малку калории. Не сакам да спијам лошо. Не сакам ни да го бројам секој залак. Не сакам да мразам кога треба да јадам.

Не сакам да се срамам додека другите ме гледаат како јадам. Не сакам да ми биде глупаво кога ќе ја објавам мојата чинија на Инстаграм.

Сакам да имам здрав однос со храната. Сакам шарени бои во чинијата. Сакам слобода и сигурност кога избирам намирници.

Сакам радост кога јадам оброк. Си посакувам среќа кога испробувам нешто ново.

Сакам поздрави одлуки. Сакам разновидност во менито. Сакам сама да одлучам што останува во моето мени, а што не.

Сакам да донесам одлука дали ќе ги исфрлам шеќерите, или кафето, или лебот, а не да дозволам тоа да го стори некој друг.

Сакам храната и јас да сме во ОК однос. И храната и јас сме во ред. Сè ми е дозволено – и затоа бирам здравје. Го избирам најдоброто за себе.

За сите мои девојки кои поминаа низ истото. За сите девојки кои „фатија“ пократки патеки. За сите кои сè уште не знаат кој режим на исхрана и систем им се допаѓа.

Сигурна сум дека својот систем, кој може да трае засекогаш, наскоро ќе ве пронајде вас“.

Повеќе фотки од инспиративната Ката на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Српска водителка со потресна исповед: „Суров доктор ми предвиде 10 години живот заради Адисоновата б... „Првиот проблем кој го имав во текот на целиот живот беше нискиот крвен притисок...
Српска дизајнерка од луксузен стан во Белград од 300.000 евра премина на рурален живот и копање бавч... „Денес кога минувам покрај мојот некогашен дом (станот во Белград) се ежам. Во м...
Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg