„Паѓа“ на постари девојки - Факти за српскиот актер кој маестрално го одглуми Тома Здравковиќ

Бил во врска со 18 години повозрасна колешка, повлечен е како личност, а идеално според него би било кога неговата идна девојка не би знаела ништо за него. Што знаеме за Милан Мариќ, српскиот актер кој маестрално го глуми Тома Здравковиќ во биографскиот филм?

fakti-za-akterot-shto-go-glumi-toma-zdravkovikj-i-shto-ja-osvoi-publikata-ne-sakam-devojkite-da-me-osvojuvaat-01.jpg

Српската публика во моментов е воодушевена од биографскиот филм „Тома“ посветен на познатиот фолк пејач Тома Здравковиќ, во кој главната улога ја игра младиот актер Милан Мариќ (31).

https://www.youtube.com/watch?v=FScqYLz6vvo

Мариќ на српската и на балканската публика ѝ е познат по улогите во повеќе српски ТВ серии како како „Државен службеник“ и „Наредник“, а имал и повеќе епизодни улоги во други попознати ТВ серијали. Тој исто така е познат и кај руската публика по улогата во филмот „Довлатов“.

Мариќ во деството се занимавал со фудбал, одбојка и пливање, а како тинејџер почнал да игра во младинскиот театар ДАДОВ, по што се запишал и на факултетот за Драмски уметности во Белград.

Неговиот најнов филм „Тома“ досега имаше премиери пред публиката во Сараево, Ниш, Нови Сад и Белград. Познато е дека иако Милан ја толкува улогата на познатиот српски пејач, пеењето не му е посилна страна, па песните во филмот ги отпеа Ацо Пејовиќ.

Во последните неколку години Милан во целост е посветен на градењето на сопствената кариера, многу повеќе се потпира на актерството и на талентот, а за него речиси и да не може да се најдат премногу детали за приватниот живот.

Тој пред две години во интервју за Story.rs говореше за себеси и за сопствениот карактер, па и самиот призна дека понекогаш му пречи тоа што е повлечен како личност.

„Понекогаш тоа ми пречи кај мене, затоа што многу тешко влегувам во разговор. Од друга страна, се прифаќам себеси како таков и работам на тоа во иднина да станам поотворен како личност.

Им завидувам на луѓето што лесно можат да започнат комуникација затоа што тоа ми изгледа како магионичарски трик што би сакал да го научам“ – вели тој.

Во истото интервју тој говори и за тоа како реагирале членовите на неговото семејство кога тој одлучил да се занимава со глума.

Како што вели, неговите родители имале предрасуди и сметале дека постојат кланови во професијата и дека тој никогаш нема да успее без врски и поддршка, а тие не познавале никого.

Милан Мариќ од самите почетоци на сопствената кариера почна да ги освојува срцата на женската публика, па воопшто и не е чудно што тамошните медиуми, често се обидуваат да го поврзат со некоја девојка.

За љубовниот живот на Милан прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg