„Вака изгледа 43-ка“ – Јелена Карлеуша го прослави роденденот во гламурозен аутфит (фото)
- Детали
- среда, 18 август 2021
„Оваа година не правев забава, одмарав за настапи, спремете се да грми планетата“ – напиша Јелена Карлеуша и објави фотки од аутфитот за 43-иот роденден, кој на крај заврши потопен во базен.
Јелена Карлеуша го прослави 43-иот роденден во кругот на најблиските од семејството и пријателите, но тоа не ја спречи да издоминира на модно поле.
Облечена во бело бикини надополнето со гламурозна, сина наметка од тул, српската пејачка позираше во нејзин стил, а потоа аутфитот заврши во базен.
Во описот на роденденските фотки, српската дива напиша:
„Вака изгледа 43-ка. Ви благодарам на сите за честитките и најубавите желби. Одиме понатаму со голем стил. Ни помалку ни повеќе. Ве сакам! П.С. оваа година не правев роденденска забава, бев во најблискиот круг на роднини и пријатели, одмарав и полнев батерии за Music Week кој е пред нас! Подгответе се да грми планетата!“
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм