„Пред 12 години по скок во море останав парализиран“ - Хрват во количка патува низ светот
- Детали
- вторник, 20 јули 2021
„Кога настрадав и кога за првпат ја погледнав својата атрофирана нога, мојата прва реакција беше: ‘Јас нема да живеам вака и можете веднаш да ме убиете’. Но, потоа се собрав и оттогаш ги посетив Мароко, Русија, Танзанија, Занзибар, Јордан врзан за мојата количка...“
Славен Шкробот од Загреб, Хрватска е млад дечко кој во 2009 година поради незгода при скок во море останал парализиран и врзан за количка. Имал една година рехабилитација во болница, а откако го отпуштиле оттаму мислел дека никогаш нема да се навикне на новиот начин на живот во родниот Загреб.
Но, потоа се потсетил дека е страстен вљубеник во музиката и патувањата и одлучил токму тоа да му биде ѕвезда водилка во новиот начин на живот.
Вели дека прво патување во таква состојба му било во Сараево, второ во Мадрид, па потоа ја минал половина Европа и оттогаш не сопрел. Ги посетил и Мароко, Русија, Танзанија, Занзибар, Јордан, а ja посетил и далечната Австралија.
Деновиве тој да одбележа 12-тата годишнина од неговата повреда и неговиот нов живот со емотивна објава на Инстаграм:
„Дали е животот убав?
Денес е точно 12 години откако при скок во море скокнав врз пријател, го скршив вратот и трајно останав парализиран и зависен од количка и туѓа помош. Скокот е тој кој засекогаш наопаку го преврте мојот живот. Сакам да се шегувам дека ова е мојот втор роденден, но вистината е дека на овој ден ми е пружена нова шанса и дека ми започна некој нов и на мене тотално непознат живот.
Кога настрадав и кога за првпат ја погледнав својата атрофирана нога мојата прва реакција беше: „Јас нема да живеам вака и можете веднаш да ме убиете“. За среќа, моето семејство, пријатели, мојата глава, тврдоглавост и инает ми покажаа дека и вака поинаков, но и многу потежок начин на живот и тоа како вреди да се живее.
Во овие 12 години научив да ги ценам малите работи, научив дека животот е само еден (без оглед на тоа што јас очигледно имам 9) и дека во него треба да се ужива.
Научив дека секој од нас ги води своите битки и дека секоја приказна има две страни. Научив да се борам за себе, научив дека семејството единствено секогаш ќе биде тука и научив кои ми се вистински пријатели.
Научив и да не бидам наивен и да не верувам секому. Научив да размислувам позитивно и од секоја животна ситуација да го извлекувам најдоброто. Научив дека животот не е времето кое минува, туку деновите кои се паметат. Благодарен сум му на своето семејство кое ми е најголемата поддршка, на добрите луѓе, а и на оние кои ми направија лоши работи и ме повредија затоа што од нив најмногу научив!
Ме мачеше долго што ќе правам со животот во ваква ситуација. Не се гледав себеси никаде и се барав со години. Ме загрижуваше тоа, но одлучив да се препуштам и да дозволам животот сам да го пронајде својот пат. Кога човек ќе заврши во ваква состојба не е ниту малку лесно да се пронајде својата цел, смисла, хоби и нешто што да прави.
Јас денес гордо можам да кажам дека сето наведено го пронајдов. Денес се наоѓам токму таму каде што и сакам да бидам и не би го менувал тоа за ништо на светот. Добро, можеби за нови нозе, но ајде.
Денес го работам тоа што го сакам, што ме исполнува, што ме прави среќен и во што искрено уживам. Притоа очигледно ги инспирирам и мотивирам останатите, но нема подобро чувство од тоа кога ќе ми се јави некој на кој навистина сум му помогнал на каков било начин. Тоа е непроценливо...“