Ќерката на Жељко Јоксимовиќ од првиот брак е вистинска убавица + како изгледа мајка ѝ (фото)

Од бракот со Јована Јоксимовиќ Жељко има две ќерки близначки, родени во 2017 година, и постаро синче, a од првиот брак со Весна ја има ќерката Мина Јоксимовиќ (26) која е вистинска убавица.

kjerkata-na-zheljko-joksimovikj-od-prviot-brak-e-vistinska-ubavica-kako-izgleda-majka-i-foto-01.jpg

Жељко Јоксимовиќ од првиот брак ја има ќерката Мина Јоксимовиќ (26). Тој беше во брак со првата сопруга Весна, пред да стапи во брак со водителката Јована Јоксимовиќ.

И додека за бракот со Јована, Жељко споделува емотивни детали, за неговиот брак со Весна не се знае многу.

Во една пригода за Јована изјави: „Секојпат кога ќе ја погледнам ја гледам својата среќа. Среќен сум што Јована е моја и знам дека таа беше вистинскиот избор. На почетокот не изгледаше дека ќе бидеме силен тим, но ние едноставно уживаме заедно, уживаме во животот и секогаш сме тука еден за друг.“

Весна наводно потекнува од Ваљево, а во 2014 година Жељко побарал поништување на црковниот брак со неа за да се венча со Јована.

Весна живее повлечен живот на страна од медиумите, но нејзината наследничка Мина сака да привлекува внимание на социјалните мрежи со својата убавина.

kjerkata-na-zheljko-joksimovikj-od-prviot-brak-e-vistinska-ubavica-kako-izgleda-majka-i-foto-02.jpg

Сепак, Мина не става премногу фотографии секојдневно. Последните фотки што ги објави деновиве се од базен, каде позира без грам шминка, а во описот напиша „Дома“.

https://www.instagram.com/p/CRCRFmqDyEc/

Од бракот со Јована Јоксимовиќ, Жељко има 3 деца, синот Коста и близначките Ана и Срна.

Фотки од Мина Јоксимовиќ:

https://www.instagram.com/p/COoDxaDD-2h/

Повеќе фотки од Мина Јоксимовиќ на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg