Велигденската магија во домот на Јелена Карлеуша - јajца со нејзините иницијали, зајак колку неа (фото+видео)
- Детали
- вторник, 04 мај 2021
Кич и претерано или вистинска велигденска бајка? Празничната атмосфера и раскошните декорации во домот на Јелена Карлеуша низ фотки и видеа...
Јелена Карлеуша е позната по тоа што обожава празнично да го украсува својот дом, па така беше и годинава за Велигден.
Од велигденски јајца со светки и со нејзините иницијали и јајца со логоата од омилените светски модни брендови, па до зајак голем речиси колку неа и низа други декорации, нејзиниот дом изгледа како велигденска бајка.
Taa доби и критики зошто светкавите јајца ги оставила во картонско пакување, а потоа на Инстаграм Стори одговори дека тоа го направила намерно за да има контраст и да се долови убавината на јајцата.
Облечена во син провокативен стајлинг, таа се кршеше со јајца со своите ќерки Ника и Атина и уживаше во нејзиниот двор во друштво на најблиските пријатели.
Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не беше присутен.
Велигденската атмосфера во домот на Карлеуша:
Видео од нејзината велигденска трпеза:
Провокативните фотки од Јелена Карлеуша облечена како зајче пред Велигден, за кои доби критики дека не се вкусни....
https://www.instagram.com/p/COV27EKBsBk/
С. С. | Црнобело