Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“

„Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откако се роди сметав дека тој треба да се вклопи во системот, а не системот да се прилагодува на него“, открива Мина Наумовиќ.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-01.jpg

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ годинава станаа родители на синот Перун.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-08.jpg

Мина постојано споделува кадри од нивното секојдневие на Инстаграм, а сега таа одговараше на прашања од нејзините следбеници на кои откри многу детали.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-15.jpg

Од начинот на воспитување на синот до која карактеристика ѝ е омилена кај сопругот, Мина искрено одговараше за сите аспекти од животот.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-16.jpg

Таа откри и дека најмногу си се допаѓа кога има 47kg, а дека во моментов има 53kg и на Огњен повеќе му се допаѓа така, но планира да се најдат на половина пат за тежината, односно 50kg како совршена тежина за неа. Висока е 170cm.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-02.jpg

Нејзините одговори на прашањата од следбениците:

Како се снаоѓа Огњен со бебето?

„Фантастично! (ха-ха) Шега на страна, би било среќа сите деца на светов да имаат татко како Огнен. Во тоа имав можност да се уверам и пред да се роди Перун, според односот на Огњен кон неговиот прв син.

Всушност, да не беше така како што е, не би посакала да имам дете со него. Огњен е најдобриот татко на светот“.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-10.jpg

Дали синот Перун ја преспива цела ноќ?

„Перун ја преспива цела ноќ и така е од самиот почеток.

Покрај тоа што тој е едно навистина благородно дете, мислам дека причината е што е навикнат на сè.

Од првиот ден по неговото раѓање куќата ни е полна со луѓе, кучето лае, ѕвончето ѕвони... Никој не шета на прсти.

Јас не сум поборник на „современите тенденции во родителството“, кои го застапуваат ставот дека детето е центар на светот.

Мислам дека последиците од овој пристап ги гледаме секој ден на улица.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-07.jpg

Да се вратам на личниот пример.

Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откако се роди сметав дека тој треба да се вклопи во системот, а не системот да се прилагодува на него.

Ова можеби звучи грубо, но мислам дека тоа е најдоброто што можете да го направите за своето дете. Да го направите флексибилно.

Тоа е мојот општ принцип.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-11.jpg

Ние немаме проблем ниту со одвојувањето од него. Тој е дете кое се радува на секој и сака да поминува време со секој. Не плаче кога се разделуваме.

Не мора да значи дека ова е исправно, но тоа е мој начин и јас преземам одговорност за тој избор.

Што се однесува на некои практични работи... Перун подобро спие кога ќе помине повеќе време надвор. Не го заспивам, само го ставам во креветче на десниот колк (тоа ме советуваше доктор затоа што на тој начин подобро се одвивало варењето на храната) и му го ставам шишенцето млеко кое го успива.

И далеку од тоа дека секогаш е идеално, си има он свои скокови во развој, па некои ноќи си почнува свои симфонии во 2 часот наутро. Тоа се случува токму овие денови“.

soprugata-na-amidjikj-sakam-se-vo-vrska-so-ognjen-no-edna-rabota-najmnogu-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“ „Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg