Северина со нова моќна песна за синот: „Ја напишав за да ја исфрлам од себе тагата, кога ми го одзедоа“
- Детали
- понеделник, 16 декември 2024
„Ја напишав по одлуката на Врховниот суд, со која рекоа дека треба да ми ги одзедат детето поради „процедурална грешка“. Потоа песната ми се чинеше дека е тажна и не ми беше до ништо...“, вели Северина.
Северина во финалето на шоуто „SuperStar“, во саботата (14.12), ја изведе новата песна „Така ти е, сине мој“, посветена на нејзиниот син Александар.
Пред настапот, таа се огласи на социјалните мрежи и напиша:
„После долго време ја напишав песната „Така ти е, сине мој“
Станува збор за лекција која мајка му ја кажува на своето дете.
Почнав да ја пишувам на почетокот од годинава, за да ја „истресам“ од себе целата тага и бес, кои ме обземаа по одлуката на Врховниот суд, со која рекоа дека треба да ми ги одзедат детето поради „процедурална грешка“.
Потоа песната ми се чинеше дека е тажна и не ми беше до ништо, па ја оставив на страна.
Ѝ се вратив неодамна, го променивме аранжманот и ја довршив инспирирана од прекрасната и храбра младина во Србија, која се бори за правда и не сака да си ја продаде честа, а која ја поддржаа и студентите од Хрватска“.