Играла во филм со Џеки Чен, била омажена за богат наследник – Која е турската актерка (со македонски корени) Ебру Дестан?
Иако се разведоа уште во 2016-та година, Ебру и Мете уште 5 години водеа жестока битка за старателство над синовите.
„Разводот е завршен, но случајот сè уште е отворен затоа што сопругот сака старателство.
Се случи короната, па некои лични проблеми и некако сè е во застој.
Судскиот случај за старателство ме измачува затоа што сама ги одгледувам синовите финансиски и духовно, веќе 4 и пол години. Целиот товар паѓа врз мене“ – рече таа.
Речиси во истиот период додека водеше жестока битка за старателство, Ебру се најде среде нов скандал кога нејзиниот поранешен очув тврдеше дека таа го напуштила и не сакала воопшто да се грижи за неа.
„Мајка ми се противеше на мојот брак со мајка ѝ, затоа што таа имаше деца.
Се грижев за нив како да се мои деца.
Таа ме третираше како татко и се плашеше од мене.
Јас не дозволував таа да стане модел, затоа што сум конзервативен“ – изјави тој.
Ебру, пак, од друга страна рече дека тој човек не ѝ е очув и дека бил оженет со мајка ѝ 1,5 година пред 30 години додека била дете. Потоа се преженил со друга жена, а денес ја вознемирува заради што морала да бара забрана за приближување.
„Негова цел е да ме понижи и да ме уценува за пари“ – рече Ебру.
Во 2023-та година таа даде изјава за медиумите и рече дека конечно успеале да ги решат проблемите со сопругот и дека се договориле за поделено старателство со сопругот, па сега децата редовно го гледаат татко им.
Б. С. Б. | Црнобело