Српска пејачка направи уникатна свадба со црна венчаница и црна торта - се омажи по 4-ти пат
- Детали
- среда, 25 септември 2024
Каја Остојиќ се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно за да го разбие тој тренд и бракот да ѝ трае вечно.
Српската пејачка Каја Остојиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Милош Чујовиќ на свадбена церемонија со црна венчаница и црна торта.
Каја стапи во брак по 4-ти пат и оваа свадба одлучи да си ја направи на денот на нејзиниот роденден (11.09).
Од првиот брак Каја има ќерка, вториот ѝ траеше многу кратко, додека третиот брак ѝ траеше 7 години.
Каја во изјави за српските медиуми се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно за да го разбие тој тренд и бракот да ѝ трае вечно.