Јавно признал дека е бисексуалец, трпел врсничко насилство - факти за хрватскиот инфлуенсер Марко Кукурин
- Детали
- сабота, 10 август 2024
Со свои раце започнал со изградба на неговата куќа. Млад останал без мајка и морал да работи и заработува. Татко му долги години не го прифаќал неговиот начин на облекување, ниту шминкањето, но сега е горд на својот син и го поддржува во сѐ - Што знаеме за хрватскиот инфлуенсер?
Професионален готвач, визажист, танчар, пејач, инфлуенсер - ова се дел од талентите кои ги поседува Марко Кукурин од Хрватска.
Дека патот до ѕвездите знае да биде трнови,т доказ е и неговата животна приказна.
Млад останал без мајка, млад почнал да работи и да заработува.
Денес има 23 години и може да се пофали со многу постигнати успеси зад себе.
Завршил училиште за готвач, а после тоа и училиште за убавина, па станал и професионален визажист.
Кога имал 7 години ја направил првата торта за својот роденден.
Секаде се шета нашминкан, а тоа го довело до многу непријатни ситуации.
Еден таков инцидент се случил во април годинава, кога Марко на Инстаграм се пожали дека некоја жена со торби го нападнала во пекара.
„Ја прашав жената дали чека ред, а таа само студено ме погледна и се побегна од мене сосема на другиот крај на пекарата.
Пет секунди потоа се врати до мене и цело време чудно ме гледаше. Имаше две патни торби на себе о пдеднаш се залета на мене и со тие торби сакаше да ме удри, но сепак си замина во друг правец.
Не жената не ме повреди физички, но ми ги повреди чувствата“ - појасни тој.
Бил жртва на врсничко насилство.
Додека бил во основно образование низ целото училиште биле направени графити со неговото име и презиме, покрај кои стоеле непримерни знаци и навредливи зборови поврзани со неговата сексуалност и физички изглед.
Насилниците биле казнети, а некои и избркани од училиште.
4 години активно снима за социјалните мрежи.
На Инстаграм има 118 илјади следбеници, а неговите видеа на ТикТок ги следат сите генерации.
Дека она што го прави не е залудно, покажуваат милионските прегледи и позитивните реакции од неговата публика, но и бројните ТВ ангажмани и награди кои ги добива.