Свршеницата на еден од најозлогласените Срби со спектакуларно откривање пол: Факели, декорации, забава покрај базен
- Детали
- среда, 12 јуни 2024
Факели, розов чад, луксуз покрај базен… Каква забава за откривање на полот на бебето приреди свршеницата на кик боксерот Љубан Видовиќ Хофман, која важи за еден од најозлогласените Срби?
Свршеницата на еден од најозлогласените Срби, Љубан Видовиќ Хофман, Софија Милојевиќ на Инстаграм објави видео и фотки од спектакуларната забава по повод откривањето на полот на нивното бебе.
Тие двајца приредиле забава со маскоти покрај базен, а откривањето на полот на бебето беше спектакуларно, со факели и розов чад, со што означија дека очекуваат девојче.
Парот не штедел на декорации за забавата, а како што може да се види, освен балони, просторот бил декориран со детска облека и реквизити.
Погледнете го видеото од откривањето на полот на бебето:
Инаку, Љубан Видовиќ Хофман е кик боксер и важи за еден од најозлогласените Срби.
Тој и неговиот брат Милан, минатата година беа обвинети дека малтретирале луѓе и ги измачувале.
Тој помина еден месец во притвор, а потоа беше пуштен на слобода, откако немало доволно докази за да биде обвинет.
Неговата свршеница Софија Милојевиќ, пак, е инфлуенсерка која има над 90.000 следбеници, а на Инстаграм редовно се фали со животот на висока нога и луксузот во којшто ужива.