Има ист IQ со Илон Маск, лажел за да глуми со Милош Биковиќ – Што знаеме за Лука Грбиќ?
- Детали
- сабота, 27 април 2024
Уште како средношколец направил тест на интелигенција и дознал дека има IQ 156, што е идентичен резултат со Илон Маск. Толку многу сакал да игра во Južni vetar, што ладнокрвно лажел за да ја добие улогата, а денес вели дека не жали за тоа. Што знаеме за Лука Грбиќ, кој глуми брат на Петар Мараш?
Српскиот актер Лука Грбиќ стана познат благодарение на улогата на Ненад Мараш, односно братот на Петар Мараш во српската серија Južni vetar.
Има само 23 години, а зад себе има повеќе филмски проекти и реклами и важи за српскиот актер по кој лудуваат сите девојки.
Роден е на 5-ти декември, 2000-та година, а уште како дете почнал да се интересира за актерството, па почнал да вежба во уметничката работилница Кесиќ.
Одел на драмска сè до осмо одделение, а потоа паузирал за да му се посвети на средното образование.
Кога се запишал во средно училиште, Лука работел како волонтер и тука слушнал за организацијата Менса.
Направил тест за интелигенција и стигнал до IQ од 156, што истовремено е помеѓу највисоките резултати што може да се постигнат на овој тест.
Се смета дека Алберт Ајнштајн имал коефициент на интелигенција 160, а Илон Маск има IQ 156.
Лука имал само 16 години кога ја добил улогата на Ненад Мараш во хит-серијата Južni vetar.
Првиот пат кога го викнале на кастинг, Лука бил разочаран откако му рекле дека не може да игра во серијата затоа што е премногу крупен за улогата што треба да ја толкува.
„Ме повикаа на кастинг, но бев премногу крупен за таа улога. Премногу тренирав и тоа ги надминуваше границите на убавото. На првиот кастинг не ја добив улогата.
Режисерот ми рече дека сум добар, но дека сим премногу крупен. Снимањето беше одложено, а за едно лето изгубив 10 килограми. Се повтори кастингот и тогаш поминав“ – раскажа во една пригода Грбиќ.
Лука толку многу ја посакувал оваа улога, што дури и се послужил со лаги за да може да биде дел од филмската екипа и да игра заедно со Милош Биковиќ.
Тој вели дека не знаел да вози автомобил, па затоа си го ставил животот на коцка, само за да може да биде дел од филмот.
Имено, Лука имал само 16 години, немал положено возачки испит, но благодарение на талентот за глума успеал да се снајде.
Така кога режисерот Милан Аврамовиќ го прашал дали знае да вози автомобил, Лука ладнокрвно излажал, без да размисли дека оваа лага ќе го доведе во многу непријатна, но и опасна ситуација.
„Од страв реков дека знам да возам. Не ја почувствував тежината сè додека не требаше да возам автомобил.
Режисерот Милош Аврамовиќ ми рече дека ќе снимаме сцена во која се вози автомобил. Веднаш почнав да пребарувам на интернет како се вози автоматик.
Беше чудо што сè помина добро. За среќа, ми помогна каскадерот, кој ми рече дека треба да се смирам“ – раскажа Лука и откри дека режисерот дознал за оваа негова лага дури откако снимањата биле завршени.
Како што рече, бил подготвен да излаже на секое поставено прашање, само за да ја игра улогата на Ненад Мараш и да има можност да глуми заедно со Милош Биковиќ.
Интересно е тоа што, Лука оваа улога ја толкувал кога бил во трета година средно образование, а паралелно се запишал и на Факултетот за драмски уметности.
Така, тој истовремено бил и средношколец и студент, но и актер кој веќе ја добил својата прва поголема улога.
За оваа улога Лука ја доби наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Филмски сусрети“ во Ниш.
Тој играше и во втората сезона на серијата „Јужен ветер“, а паралелно играше уште во неколку популарни српски ТВ серии.
Додека голем број девојки лудуваат по него, Лука во една пригода кажа дека има девојка, но не го открива нејзиниот идентитет.
Желбата му е своето образование да го продолжи некаде во странство, но како што вели, во родната Србија во моментов добива голем број понуди за улоги што не може да ги одбие.
Б. С. Б. | Црнобело