Бурак Озџивит и Фахрије Евџен направија филмски роденден за синот (5): Забава со трансформерси, замок за скокање
- Детали
- вторник, 16 април 2024
Каран, синот на најубавиот турски актерски пар, Бурак Озџивит и Фахрије Евџен, наполни 5 години, а родителите му направија огромна роденденска забава во стилот на филмот Transformers.
Познатите турски актери Бурак Озџивит и Фахрије Евџен направија огромна забава за роденденот на својот прв син, со многу гости, деца, блиски пријатели.
Тие се решија за прослава во стилот на филмскиот хит Transformers. Па, така, со тема трансформерси беше огромната роденденска торта, сите украси и декорацијата на дворот каде што сe одржуваше детската забава.
Не изостанаа ни маскотата Трансформерс, илузионистот кој ги забавуваше дечињата, како ни цртањето со боја по лицето, што на многу деца им е омилена активност на родендените.
Но, тука беше и замокот на дување каде што си играа и децата и возрасните, а се чини најмногу му се израдува Фахрије, која на Инстаграм Стори објави неколку видеа како скока во замокот и се спушта по лизгалката со децата.
И таа и нејзиниот сопруг споделија неколку фотографии од роденденот на Каран на Инстаграм.
„Каран има 5 години. Среќен роденден мое момче“, напиша Бурак на Инстаграм.
Бурак Озџивит ѝ стана познат на македонската јавност по улогата на Бали Бег во серијата „Сулејман Величествениот“, додека неговата сопруга Фахрије Евџен се прослави со серијата „Кога лисјата паѓаат“, каде што ја глумеше Неџла.
Бурак и Фахрије се венчаа во 2017 година, а во 2019-та го добија првото дете – синот Каран. Во јануари 2023 го добија вториот син кој го крстија Керем.