Злобниот Емир од „Карасевда“ е сосема поразличен во приватниот живот - Се релаксира со миење садови
- Детали
- недела, 10 март 2024
Актерот Кан Урганџиоглу го привлече вниманието на нашата публика со улогата на главниот негативец Емир Козџуоглу во турската серија „Карасевда“, а неговата специфична убавина е благодарение на неговите родители - мајка му има арапско и албанско потекло, додека татко му е Турчин.
Кан, пред да се прослави со ликот на Емир, има одиграно значајни улоги во дури 18 серии, но сепак улогата во „Карасевда“ му ги отвори вратите кон успехот.
Иако претходно сакал да работи на берза, откако ја одиграл својата прва улога, сфатил дека глумата е она што навистина го сака и е составен дел од неговиот живот.
Роден е и израснат во Измир. Глумејќи го ликот на Емир, се добива впечаток дека Кан е како и него - ладнокрвен негативец, но во приватниот живот тој е сосема поинаков.
Во реалниот живот, тој постојано е насмеан, а токму неговата насмевка направи да ѝ стане симпатичен и привлечен на публиката.
Кан во една прилика откри дека ужива во домашните обврски а се релаксира со миење садови:
„Миењето садови ме опушта. Но, да бидам искрен, порано бев прилично неуреден, но сега куќата ми е средена, бидејќи поминувам многу време во неа.
Штом се вратам дома, пуштам музика и си правам кафе. Многу ми е важен неговиот мирис.
Потоа се фрлам во мојата омилена фотелја, во моето катче за уживање. Инаку, секогаш шетам по дома бос“.
Турскиот заводник вели дека не сака да троши пари на модерни парчиња облека туку знае да носи и фармерки стари по 15 години.
„Веќе не фрлам речиси ништо. Зошто би ги заменил работите што ги сакам и ми се допаѓаат со нови?“
Во медиумите доста се пишуваше за ривалството на Кан и неговиот колега Бурак Озчивит кој го играше ликот на Кемал, едното од трите деца во семејството од средна класа.
Се шпекулираше дека не се во добри односи бидејќи Кан бил љубоморен на Бурак и славата која тој ја достигна, па во една пригода му беше поставено прашање дали бил љубоморен на Кемал.
„Јас сум луд по Бурак Озчивит. Бурак е многу убав и многу талентиран.
Сакам да бидам добар како него“, одговори тој, негирајќи ги гласините дека не е во добри односи со својот колега.