Се прослави пред 10 години, па направи пауза – Факти за Марко Мандиќ, кој настапи на српскиот избор за Песна за Евровизија
- Детали
- сабота, 09 март 2024
Некогаш слаткиот и шармантен тинејџер, денес е посветен на семејството и има целосно нов имиџ. Марко Мандиќ направи пауза од музиката, но се врати на овогодишниот извор за Песна за Евровизија во Србија.
Српскиот пејач Марко Мандиќ ѝ стана познат на јавноста по дуетот со Сара Јо „Ујутру“, за во 2014 година публиката да стане уште попопуларен со песната „Рамдагадам“.
Роден е на 18 јули 1992 година во Белград.
Од мали нозе пеел во хор, за што може да се каже дека тоа се неговите први чекори кон светот на уметноста.
фото: Фејсбук
Кога станува збор за неговото образование - студирал економија.
Мандиќ многу се има променето во однос на периодот кога беше ултра популарен меѓу младата публика и физички, но и во начинот на размислување.
Автентичен, шармантен и многу привлечен за припадничките на понежниот пол.
фото: Фејсбук
Некогаш изгледаше како прав тинејџер, градско момче со изразито сини очи и кратка фризура, додека сега има стил на постар и посериозен човек, кој го следи ритамот на новата музика.
Има брада, а еден период имаше и долга коса.
Денес е семеен човек, посветен на сопругата и децата.
Марко е во брак со неговата колешка, атрактивната пејачка Гордана Станиќ, со која има две ќерки.
Активен е на Инстаграм и таму публиката може да види како изгледа денес.
Мандиќ одлучи повторно да се активира на музичката сцена и оваа година се претстави на српскиот избор за Песна за Евровизија со песната „Дно“.