На Северина среде настап ѝ пукнаа панталоните – Ѝ ги лепеа со селотејп на сцената додека пееше (видео)
- Детали
- понеделник, 04 март 2024
Ѝ пукнаа панталоните среде настап, а наместо да оди во гардеробата и да се пресоблече, Северина се криеше со сако и продолжи да пее, додека колегата со селотејп ја поправи штетата.
Северина имаше мал инцидент на настапот пред публиката во Минхен, а покажа дека со секоја незгода знае да се носи како вистински професионалец и дека за неа и покрај сѐ, шоуто мора да продолжи, па нема да дозволи ниту скинатите панталони да ја натераат да побегне од сцената.
Севе на својот Инстаграм профил објави кратко видео на кое се гледа дека за време на концертот, панталоните не го издржале нејзиниот енергичен настап и попуштиле, а нејзините колеги на сцената веднаш ѝ помогнале.
Како што раскажува Севе, кога почувствувала дека нешто не е во ред со нејзините панталони, таа веднаш му шепнала на еден член од бендот да ѝ го подаде сакото.
„Хенри ми го донесе сакото, а Љубо ми ги лепеше панталоните со селотејпот со којшто претходно го лепеше тепихот на подот, затоа што се лизгаше од кондензацијата (а тоа е идеално за салто и се плашев дека може да ми се случи).
Поздрав до производителот на селотејпот. Каков rock'n'roll“ – напиша пејачката до видеото.
Погледнете како изгледаше настапот во кој Северина имаше мал инцидент:
Б. С. Б. | Црнобело