Се ожени и се пресели во Америка - Што прави денес Аднан Бабајиќ, победникот на „Операција триумф“?
- Детали
- понеделник, 04 март 2024
Поради својата девојка одлучил да замине во Америка, но два дена пред нивната свадба доживеал голема трагедија. Каде е денес Аднан Бабајиќ кој се прослави откако победи на музичкото шоу „Операција триумф“?
Во 2009 година, во сите земји од поранешна Југославија се емитуваше музичкото шоу „Операција триумф“.
Шоуто всушност беше засновано на познатото шоу „Академија на ѕвезди“ (Star Academy).
Учествуваа учесници од 5 држави од поранешна Југославија: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Победник беше Аднан Бабајиќ од Живинице, кој тогаш имаше само 20 години.
Наш претставник беше пејачот Александар Белов.
Иако многумина му предвидуваат успешна кариера на Аднан, тој недолго после натпреварот исчезна од музичката сцена.
Во потрага по подобар живот, Аднан замина да живее во Америка.
Неговата тогашна девојка, денес сопруга - Лејла, со години живеела во Чикаго, па и тој заминал по неа.
Во 2014 година се венчаа, а во 2017 добиле го добија синот Адин.
Аднан доживеал голема трагедија два дена пред свадбата, кога починала неговата мајка Улфета.
Но, никогаш не се откажал од љубовта.
На почетокот, во Америка често настапувал во клубови чии сопственици се луѓе од нашите простори, а подоцна започнал и сопствен бизнис.
Поседува недвижнини, а според она што може да се види на социјалните мрежи, дефинитивно ужива во животот во Америка.
Во медиумите се шпекулираше дека Аднан работи како чистач на базени и дека така го прехранува семејството, но на Инстаграм се гледа дека и понатаму се занимава со музика и така заработува.
Пред неполн месец ја промовираше својата најнова песна „Немогу“ пред српските медиуми, а тоа беше и најава за неговото враќање на музичката сцена.