Контролорите трипати го предупредиле пилотот – Детали за инцидентот со авионот на аерoдромот во Белград
- Детали
- понеделник, 19 февруари 2024
Најверојатно пилотите се виновни за инцидентот што синоќа се случил на белградскиот аеродром. Пилотите прво ја згрешиле позицијата, а свесни дека немаат доволно место за полетување, сепак го кренале авионот во воздух, при што удриле во антена на земјата... Како бил оштетен авионот на Air Serbia?
На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград синоќа (18.02) се одигра вистинска драма, откако патнички авион на компанијата Air Serbia полета, а набрзо потоа слета на аеродромот со огромна дупка и со оштетени крила.
Авионот требало да лета на релација Белград - Дизелдорф, а во моментот на инцидентот во него имало 106 патници. За среќа, за време на принудното слетување никој не бил повреден.
Еден од патниците на Твитер го споделува своето искуство, па напиша:
„Авионот присилно слета назад во Белград, се случи опасен дефект, се запали моторот, еден час кружевме над Белград, колку да се простиме од блиските, а пожарникарите излегоа на пистата.
Живи сме, здрави не знам дали сме, само со вештината на пилотот, овој авион и 200-те луѓе во него не се покојни“.
Putnik iz aviona Air Serbia pic.twitter.com/SRNC11VtLv
-->-->— Шумадинац (@KorektnoUvek) February 18, 2024
Што всушност се случувало и како дошло до оштетување на авионот?
Според пишувањата во српските медиуми, метеоролошките услови немале никаков удел во инцидентот затоа што видливоста била добра, а ветерот бил со занемарлива јачина од околу 3 јазли.
Се верува дека при полетувањето, авионот удрил во некој вид антена, која останала забиена во коренот на крилата и којашто се гледа на фотките со оштетениот авион.
Evo kako je izgledao E-195 reg. OY-GDC kompanije Marathon airlines koji leti za ErSrbiju večeras posle prinudnog sletanja na BEG.😕 pic.twitter.com/crLJURHeDa
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 18, 2024
Се претпоставува дека антената е дел од т.н. ILS систем на аеродромот кој ја олеснува работата на аеродромот при намалена видливост.
По полетувањето, оштетениот авион околу 60 минути останал во воздух.
Во овој период, екипажот прогласил итна ситуација во авионот, а на аеродромот биле ставени во застој сите полетувања и слетувања.
Оштетениот авион направил два круга недалеку од аеродромот со цел да се процени ситуацијата и да го потроши горивото.
Tegnap esti produkció Belgrádban. Air Serbia E195 intersection takeoff-ot csinált volna (nem a pályavégről indul, bevett eljárás), de kevés volt az 1200m pálya, ezután összeszedte a bevezető fénysort és ILS antennát.
— Zé (@rzoli86) February 19, 2024
Valaki nagyon benézett valamit. Második születésnap... pic.twitter.com/YRMx8lyojp
Според српскиот портал Tango Six кој главно пишува статии од областа на воздухопловството за инцидентот најверојатно ќе треба да сносат одговорност членовите на екипажот, затоа што според податоците што ги добиле, тие направиле погрешна процена.
Пилотите добиле дозвола од контролата да започнат со полетување на позицијата D6, но од некоја причина тие застанале на позицијата D5, која е значително пократка.
Air Serbia Embraer E195LR damaged after reportedly hitting runway equipment on departure from Belgrade Nikola Tesla Airport in Serbia. The aircraft made an emergency return landing shortly after takeoff. pic.twitter.com/X90wA8v0H0
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) February 18, 2024
Во тој миг, контролорите ги предупредиле дека се наоѓаат на погрешна позиција и да пресметаат дали ќе имаат доволно простор за полетување. Ако не се сигурни дека можат да полетаат, да се вратат наназад до другата писта.
Иако пилотите тврделе дека се сигурни дека можат да полетаат, набрзо по полетувањето се јавиле и тврделе дека мора принудно да слетаат затоа што допреле нешто на земјата.
Целиот случај дополнително ќе биде истражуван од локалните власти, како и причините заради кои пилотите прво ја згрешиле позицијата од која полетале, а и зошто кога сфатиле дека немаат доволно писта за полетување, не ја извеле процедурата што е карактеристична за неуспешните полетувања.
Б. С. Б. | Црнобело