Има завршено медицина и зборува 5 јазици - Факти за Хатиџе султан во „Сулејман Величествениот“
- Детали
- недела, 25 февруари 2024
Актерката Селма Ергеч е директен потомок на султанот Мехмед II. Студирала медицина, обожава кик-бокс и зборува 5 јазици. Факти за актерката која кај нас е најпозната по улогата на Хатиџе султан од турската серија „Сулејман Величествениот“.
Серијата „Сулејман Величествениот“ беше толку популарна на овие простори што и 10 години по снимањето на последната сезона, и понатаму се зборува за актерите кои глумеа во неа.
Меѓу нив е и Селма Ергеч, позната како Хатиџе султан, сестрата на Сулејман.
Селма во ноември ќе наполни 46 години, но судејќи според нејзините фотографии на Инстаграм, изгледа барем 10 години помладо.
Воопшто се нема променето од времето кога се снимаше серијата.
Родена е во Германија, во семејство на турски иселеници.
Селма исто така е директен потомок на султанот Мехмед II кој имал 37 деца со неколку различни жени, така што била идеален избор за улога во серијата.
Покрај турски и германски, зборува и англиски, француски и италијански.
Студирала медицина, потоа психологија и филозофија, а успешно се занимавала и со моделинг.
За кик-боксот вели дека е нејзината најголема љубов.
Води здрав начин што живот, а тоа е и тајната за нејзината витка линија и кристално чистата кожа.
Вегетаријанка е од својата 9-та година.
И пред да биде избрана за улогата на Хатиџе, имала завидна кариера.
Од 2015 година е во брак со Џан Оз, сопственик на издавачка куќа, со кого ја има ќерката Јасмин.
Обожава да експериментира со боите на коса, па извесно време беше и русокоса.
Приватно е добра пријателка со колешката Нур Фетахоглу, која во серијата ја имаше улогата на Махидевран.