Војаж си купи пентхаус од 275.000 евра: „Многу ми значи што си обезбедив кров над главата“
- Детали
- петок, 02 февруари 2024
„За мене 2023 беше најуспешна година досега, си обезбедив кров на глава, а планирам да купам и хотел“ – младиот рапер не крие дека неговата кариера оди во нагорна линија и се гордее што успеал да си обезбеди дом. Откри и зошто долго време ја криел новата девојка.
Младиот рапер Михајло Веруовиќ (22), кој на балканската публика ѝ е попознат под уметничкото име Војаж, во гостување во емисија истакна дека 2023-та година за него била најуспешна досега, а се гордее со тоа што успеал да си обезбеди кров над главата.
Претходно, во дел од медиумите беше објавена веста дека Војаж се сели во луксузен пентхаус во белградската населба „Бежаниска коса“, што го купил од поранешниот сопственик на „Гранд“, Саша Поповиќ.
Пентхаусот се протега на 110 метри квадратни, а се верува дека младиот рапер за него издвоил 275.000 евра.
Тој неодамна гостуваше во емисија каде што потврди дека е мошне горд што успеал сам со својот труд да си обезбеди дом.
„Многу ми значи што си обезбедив кров над главата, што вложував во недвижности и успеав да си купам голем пентхаус.
Изминатата година за мене сигурно беше најуспешна и мислам дека без лажна скромност тоа можам да го кажам. Мислам дека е паметно да се вложуваат парите во таа насока, тоа секогаш ќе се исплати.
Планирам да земам и еден хотел, секако ако се склопат сите коцки, и веќе имам некои планови како тоа да го преточам во дело“ – изјави Војаж.
Инаку, тој не крие дека е пресреќен со новата девојка, а истакнува дека не ја интересира популарноста.
„Неодамна бевме заедно на патување и планираме само да уживаме. Нашата врска стана јавна, иако јас не сакав тоа да се случи. Кога се мешаат туѓите енергии, може да дојде до голем број компликации“ – вели тој.
Војаж нагласи дека воопшто не било лесно на почетокот да ја крие новата врска, но дека тоа му се исплатило.
Б. С. Б. | Црнобело