„Беше исплашена и го нишаше детето“ - Анонимна порака опишува како изгледала Северина покрај Милан

„Сите овие години, кога и да те видам на телевизија или кога ќе слушнам некоја твоја песна, се присетувам на твоето тажно и уплашено лице“ – анонимна обожавателка, која имала можност одблиску да види како изгледал односот меѓу Северина и Милан, во кратка порака опиша што сведочела.

ti-go-nishashe-deteto-vo-kolichkata-a-nervozniot-monstrum-anonimna-poraka-do-severina-go-opishuva-nejziniot-odnos-so-milan-01.jpg

На профилите на социјалните мрежи на Северина стигнаа голем број пораки за поддршка, по одлуката на судот да ѝ го одземе старателството над синот.

Покрај регионалните ѕвезди и познатите личности, поддршка пристигнува и од нејзините анонимни обожаватели.

ti-go-nishashe-deteto-vo-kolichkata-a-nervozniot-monstrum-anonimna-poraka-do-severina-go-opishuva-nejziniot-odnos-so-milan-02.jpg

Речиси во сите пораки и коментари упатени до Северина, нејзините обожаватели со неверување нагласуваат дека ниту еден татко што вистински си го сака детето нема да му ја одземе мајката.

„Таткото што безусловно го сака своето дете, нема да му го приреди ова.

Таткото има моќ да ја сопре агонијата и синот да биде покрај мајката. Може да го одземе старателството, но мајчинството никој не може да ѝ го одземе на мајката“ – стои во еден од коментарите.

ti-go-nishashe-deteto-vo-kolichkata-a-nervozniot-monstrum-anonimna-poraka-do-severina-go-opishuva-nejziniot-odnos-so-milan-04.jpg

Инаку, Северина на Инстаграм Стори објави и писмо од анонимна обожавателка која имала можност одблиску да го гледа односот помеѓу неа и Милан во периодот додека Александар бил мало бебе.

Нејзиното писмо проследете го во целост:

„Еднаш те видов во живо, во пролетта 2012-та година во хотелот Вила Брег во Вршац, чијшто сопственик е твојот поранешен маж/партнер. За време на појадокот, седеше на масата на газдата, на 3-4 метри од мене.

Сите овие години, кога и да те видам на телевизија или кога ќе слушнам некоја твоја песна, се присетувам на твоето тажно и уплашено лице. Го нишаше детето во количката, додека нервозниот монструм нешто чепкаше на лаптопот, правеше тикови и удираше со нозете.

Бог нека ти даде храброст сево ова да го изнесеш и да го поднесеш. Иако има уште 6 години до неговото полнолество (а тоа значи целосна слобода на неговиот избор), претпоставувам дека и во хрватското семејно право децата тинејџери можат да одлучат кај кој родител ќе живеат, кај нас е тоа со 15 години...“

ti-go-nishashe-deteto-vo-kolichkata-a-nervozniot-monstrum-anonimna-poraka-do-severina-go-opishuva-nejziniot-odnos-so-milan-05.jpg

Прочитајте и „Мамо, немој да ме оставаш“ – Северина објави емотивно видео со синот + Како Милан ја искористи грешката на судиите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg