Зошто Северина првиот пат остана без синот: Обвинување за злоупотреба, 20 месеци го гледаше само двапати во неделата
Откако му го предаде Александар на поранешниот партнер, Северина му испрати емотивна порака на синот преку Инстаграм.
„Знаеш сине, тоа се само некои хартии што некој ги напишал и има некои букви што некој ги напишал со зборови што не важат за нас двајца. Физички нè оддалечија еден од друг, но тоа е сè што можат да направат.
По 7 и пол години, сега ми дозволуваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеа и помалку, можеа и направија сè за да нè повредат.
Но, дали знаеш што можеме да направиме јас и ти за 88 часа? Можеме да правиме чуда. Ми даваат двапати месечно да те заспивам.
Еј, не можат ни да замислат колку можеме да си изнакажеме во тие две ноќи. Сите останати вечери мама ќе те замислува. Затоа што ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.
Наскоро пак ќе почнеме да заспиваме заедно секоја вечер, за тоа ќе реши времето.
Жал ми е што не стигнав да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи... Гледавме Toy story 4, правевме палачинки, па си игравме зоолошка градина. Немаше време ниту за тага, ниту за објаснување. Морав да те одведам... Одевме со насмевка.
Тие чудни зборови кои постојат само на хартија, но не и во реалноста, ги напишала тетка која не знае кои сме и си игра со нас. Само биди добар и сè ќе биде во ред.
Мама е добро мој Робин, твојот Бетмен те чека. И прости им, сине, зашто навистина не знаат што прават“, напиша тогаш Северина.
По 20 месеци без Александар, Северина доби заедничко старателство над синот со поранешниот партнер, па од 2021-ва година тој поминува подеднакво време со двајцата родители.
Брзо потоа, судот, по барање на Поповиќ, забрани таа да објавува фотографии од лицето на нејзиниот син на социјалните мрежи.
Оттогаш, на сите фотки и видеа Александар е свртен со грб, или неговиот лик е заматен или покриен со „стикер“.
Но, вчера (23.01) Врховниот суд во Хрватска донел одлука старателството над синот целосно да му припадне на таткото Милан Поповиќ, а одлуката е правосилна веднаш, без разлика дали пејачката ќе поднесе жалба.
„Нема да си играте со моето дете. Со кое право? Моето дете не е вреќа компири со која можете да тргувате“ - им порача пејачката на судиите, откако Александар ѝ беше одземен вторпат.
Прочитајте и Северина повторно го изгуби старателството над синот - Судот го врати детето кај Милан Поповиќ
А. Ј. | Црнобело