Зошто Северина првиот пат остана без синот: Обвинување за злоупотреба, 20 месеци го гледаше само двапати во неделата
- Детали
- среда, 24 јануари 2024
Хрватската ѕвезда Северина вчера (23.01) вторпат го загуби старателството над својот 12-годишен син Александар. Но, која беше причината синот да ѝ биде одземен првпат, во 2019-та година?
На 28 ноември 2019 година, судијката Теа Голуб донесе мерка со која Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ, треба веднаш да му биде доделен на неговиот татко, а српскиот бизнисмен сам да се грижи за здравјето и образованието на детето. На изрекувањето на пресудата не беа ни Северина ни Милан.
Таа судска одлука стапи на сила веднаш, исто како онаа што судот ја донесе вчера (23.01), а со која Северина повторно го изгуби старателството над Александар.
Пејачката во 2019-та велеше дека се плаши дека ќе остане без детето, бидејќи нејзиниот некогашен партнер сака да го одведе Александар да живее во Србија.
Во октомври 2019-та, еден месец пред судот да ѝ го одземе старателството над синот, Северина одржа прес-конференција на која ги обвини учителките на Александар за малтретирање.
Таа тврдеше дека тие го заклучиле во училиштето и два часа не му дозволувале да си замине дома со тогашниот сопруг на пејачката, Игор Којиќ.
„Се случи инцидент во училиштето на Александар, кога учителките го заклучиле, го влечеле и физички го повредиле, два часа го држеле затворен и не му дадоа на мојот сопруг да го земе, со објаснување дека јас сум требала да дојдам лично за да го земам.
А бидејќи никој освен мене не може да го земе од училиште, тоа значи дека јас не можам да ја работам својата работа. Или, што ако сум болна и не можам да дојдам по детето?“, кажа тогаш пејачката.
Токму ова беше причината што Северина го загуби синот пред пет години.
„Пред пресудата во моја полза, Северина дури 46 дена не го водела детето на училиште и поминувала помалку време со него.
Затоа, Центарот за социјална работа и старателство и судот решија да го делиме старателството пола-пола за време на празниците и одморите, а синот да биде кај мене останатиот дел од времето, за јас да се грижам за неговото образование и да ги преземам родителските обврски“, кажа во една пригода српскиот бизнисмен.