„Сине, како помина на тестот?“ - Црногорски инфлуенсер го насмеа регионот со хит видеото на неговиот син
- Детали
- вторник, 19 декември 2023
„Сине, како помина на тестот?“ – го прашува познатиот црногорски инфлуенсер својот син, а одговорот на малиот ученик никој не го очекува. Погледнете зошто сите се смеат на видеото со малиот Реља.
Декември е месецот во кој голем број родители се соочуваат со предизвици. Подготовки за празниците, планирање зимски одмор, но и оцени во училиште... А, овој црногорски инфлуенсер успеа добро да ги насмее сите во регионот.
Црногорскиот инфлуенсер и комичар Јован Радуловиќ на Инстаграм објави забавно видео со неговиот син Реља, во кое може да се пронајдат голем број родители кои имаат деца во основно образование.
Јован Радуловиќ е во брак со новинарката Ирена Радуловиќ, а заедно ги имаат синот Реља и ќерката Ирина.
Toj се прослави така што постојано објавува смешни клипови со вицеви и секојдневни ситуации, а овој пат успеа да ги насмее сите со преслаткото видео со неговиот син Реља.
Во краткото видео можеме да го видиме малиот Реља како по часовите влегува во автомобилот на татко му, кој го прашува:
„Сине, како помина на тестот? Дали ги добивте оцените? Што доби ти?“
Но, одговорот на неговиот син воопшто никој не го очекува.
„Само нека сум јас жив и здрав“ – му вели малиот Реља на татко му.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело