„Откако решивме да посвоиме по 5 неуспешни ин витра, сопругата остана бремена“: Исповед на познат Хрват
- Детали
- среда, 15 ноември 2023
„Поминавме низ сѐ што треба за да станеме кандидати за посвојување и имавме 5 обиди за асистирано оплодување. Веќе ја прифативме можноста дека никогаш нема да имаме биолошки деца. Но, не се откажавме и на крај ни успеа“ – раскажува Хрватот Давор Ростухар, кој во моментот кога ја поминал целата постапка за посвојување дете, дознал дека сопругата е бремена.
Давор Ростухар е познат српски патописец и авантурист, кој на своите профили на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и приказни од своите патувања.
Неодамна, тој ја сподели својата неверојатна приказна за тоа како одеднаш ќе стане татко на две дечиња - едно посвоено и едно биолошко.
Како што раскажува Давор во својата објава на Фејсбук, тој и неговата сопруга Ангела 3 и пол години безуспешно се обидувале да станат родители.
„Поминавме низ сѐ што треба за да станеме кандидати за посвојување и имавме 5 обиди за асистирано оплодување. Тешко е да се опише колку многу тоа ве изморува и ве троши. Физички зема данок од телото на жената и влијае психолошки на сѐ.
Веќе ја прифативме можноста дека никогаш нема да имаме билошки деца. Но, не се откажавме и на крај ни успеа. Кога ќе почне, среќата се лепи за среќа“ – раскажува Давор.
Како што вели хрватскиот патописец, само неколку дена откако дознале дека неговата сопруга Ангела е бремена, им се јавиле да им кажат дека постои можност да посвојат детенце.
„Иако знаевме дека веќе чекаме друго бебе и дека ќе биде мошне тешко одеднаш да станеме родители, не можевме да ја одминеме оваа можност.
Остекогаш сме сакале да имаме едно биолошко и едно посвоено дете, сега ја имаме шансата да ги добиеме и двете“ – вели тој.
Dragi ljudi, vrijeme je da podijelim s vama ljepu vijest - točnije dvije!! 😮 Anđela i ja postali smo roditelji!!!...
-->Posted by Davor Rostuhar - storyteller on Sunday, November 12, 2023
Така, Давор и Ангела веќе се грижат за своето 3-месечно посвоено бебе, а истовремено се во исчекување да дојде најновиот член на семејството.
„Ангела е во 6-иот месец од бременоста. Воопшто не е лесно, но уживаме во секој момент“ – вели тој.
Погледнете уште неколку фотографии од Давор и Ангела:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук