Беше осуден за двојно убиство, се бори со тешка болест на белите дробови – Факти за актерот Жарко Лаушевиќ

Во периодот додека живееле во САД, Жарко 10 години бил таму илегално заради што морал да работи на работни места каде што не се барало јазик и документи. Во една пригода откри дека во тој период работел како молер, каде му плаќале по 13 долари на час.

Кога им се родила ќерката Јана, Жарко морал еден период да остане дома и да се грижи за децата, затоа што во тој период на дадилката требало да ѝ плаќаат по 15 долари на час за чување деца, што за нив финансиски не било можно. Неговата сопруга Анита, пак како шминкерка имала многу повеќе ангажмани, па успеала да работи и на сериите Castle, Sex and the City итн.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-03.jpg 

Во 2001-ва година во Србија се случил нов пресврт, кога по жалба на обвинителството била донесена нова пресуда против Жарко, според која тој требало да отслужи 13 години затвор и за него била распишана меѓународна потерница.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-14.jpg

Во 2009-тата година Жарко бил уапсен во САД, затоа што му истекла визата, по што требало да биде пренесен во Србија, но за среќа по само неколку месеци, притворот во Њујорк му бил прекинат.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-15.jpg

Во 2011-та година  актерот беше помилуван од страна на тогашниот претседател на Србија, БорисТадиќ, а на 1-ви февруари 2012-та година му бил вратен српскиот пасош.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-16.jpg

Во 2014-та година, по 15-години живот во САД, Жарко одлучи да се врати во Србија. Тој се врати во својата земја заради свадбата на неговата прва ќерка Асја со црногорскиот музичар Никола.

По враќањето во Србија, Жарко повторно се враќа на актерскиот живот и на глумата. Тој често отворено зборува за сите периоди во својот живот и за сите неволји низ кои поминал.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-17.jpg

Во последниот период беше застапен во медиумите заради тоа што еден месец помина во болница каде се бори со тешка болест на белите дробови, а во некои српски списанија има гласини дека актерот боледува од рак на белите дробови.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg