Наставничка затекна тепачка во училницата: Како децата ѝ приредија изненадување со „стара“ финта?

„Секако дека има и добри деца, само треба почесто да ги прикажуваме“ – стои во еден од коментарите до видеото снимено во едно училиште, каде учениците одлучиле да ѝ приредат изненадување на наставничката за роденденот.

dokaz-deka-s-ushte-postojat-dobri-uchenici-hit-video-od-uchilishte-od-belgrad-za-nachinot-na-koj-uchenicite-i-chestitaa-rodenden-na-nastavnichkata-01.jpg

На социјалните мрежи масовно се споделува видеото на кое се гледа како учениците од едно училиште решиле на генијален начин да ѝ го честитаат роденденот на наставничката, а пофалбите за гестот се редат во коментарите.

dokaz-deka-s-ushte-postojat-dobri-uchenici-hit-video-od-uchilishte-od-belgrad-za-nachinot-na-koj-uchenicite-i-chestitaa-rodenden-na-nastavnichkata-02.jpg

Како што може да се види, наставничката влегува на час, а девојчињата веднаш ја дочекуваат загрижени и ѝ соопштуваат дека момчињата се тепаат.

Наставничката веднаш тргнува за да ги растргне момчињата и воопшто не очекуваше дека од момчето што наводно го тепаат во средината ќе добие букет со цвеќе и конфети...

dokaz-deka-s-ushte-postojat-dobri-uchenici-hit-video-od-uchilishte-od-belgrad-za-nachinot-na-koj-uchenicite-i-chestitaa-rodenden-na-nastavnichkata-03.jpg

Видеото беше прво објавено на ТикТок, а потоа и на Инстаграм профилот „dnevnadozabeograda“, каде доби голем број позитивни коментари.

За некои ова е можеби „несолена“ шега заради која наставничката можела да доживее инфаркт, но сите се согласни дека ова е доказ оти сѐ уште постојат добри и воспитани деца и дека сѐ уште има надеж.

„Секако дека има добри деца, само треба почесто да ги прикажуваме“;

„Браво. Ни требаат повеќе вакви позитивни содржини на социјалните мрежи“;

„Прекрасни деца, ме расплакаа“;

„Има сѐ уште надеж, со вакви деца“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го видеото:

@metrevelisalii

🤍🤍 #foryou #fyp #teacher #school #suprise foryou. @Daviti Lapia @NIAKO @3️⃣ @🎀 @BABIKO✨ @datuniap @goginashvilivano @:)) @მარიამ გაბოძე @salii。◕‿◕。❤️

♬ som original - Metrópoles Oficial

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
15 години по разводот, Анабела Атијас и Гаги Џогани пак се во пријателски односи: „Децата нè зближиј... Го обвинуваше за насилство и неверство, па се разведоа… Во првите години по разв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg