Гласини за афера со менаџерот, нападнала девојка во публиката – Сите скандали на Александра Пријовиќ
Во 2020-тата година на социјалните мрежи почна да кружи фотка на која наводно е пејачката во младоста, која била објавена во неделник во 2010-та година.
Фотката беше објавена на Твитер на фан страницата на Милица Павловиќ, со што беа подгреани гласините за нетрпеливоста меѓу двете пејачки.
Набрзо откако се појави, фотката беше тргната од сите профили, а Александра во изјава за медиумите рече:
„Сликата е монтажа со која одредени медиуми се обидоа по којзнае кој пат да ме понижат.“
За третиот скандал Александра зборуваше сама во гостувањето кај Огњен Амиџиќ и призна дека во минатото ѝ се случило да нападне една девојка во публиката.
„Еднаш удрив една девојка за време на настапот. Таа девојка ме навредуваше за време на целиот настап. Тоа траеше и потоа кога поминав покрај неа ме плукна пред сите. Кога се случи тоа, тогаш ја удрив“ – раскажа пејачката.
За потсетување Александра Пријовиќ се прослави благодарение на учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а важи за лута ривалка со Милица Павловиќ затоа што се натпреваруваат со бројот на песни и албуми и наводно снаата на Боба Живојиновиќ закажала концерт во белградска арена само неколку дена откако и Милица го направила тоа.
Прочитајте и Јавно кажува дека Брена не ѝ е свекрва, се срамела да снима љубовни сцени – Факти за Александра Пријовиќ, снаата на Боба Живојиновиќ
Б. С. Б. | Црнобело