Гласини за афера со менаџерот, нападнала девојка во публиката – Сите скандали на Александра Пријовиќ
- Детали
- сабота, 04 ноември 2023
Пред да постигне огромен успех со концертите Александра Пријовиќ ја тресеше скандал дека има афера со менаџерот, заради што тој се степал со нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ. Од друга страна, пак има гласини и дека една од нејзините колешки е љубоморна и постојано ѝ измислува скандали во медиумите.
Српската пејачка Александра Пријовиќ во последните неколку месеци е топ тема откако успеа да одржи 3 полни концерти во белградска Арена, 3 во Загреб и еден во Сараево, така што многумина заборавија дека таа непосредно пред првиот концерт беше вклучена во скандал за којшто се пишуваше многу во српските медиуми.
Имено, заради овој скандал Александра ја напушти и прес конференцијата пред првиот концерт во Белград, но се чини дека веќе сите заборавија на тоа.
Имено, по прославата на 18-тиот роденден на ќерката на Аца Пејовиќ, во септември годинава имаше голем број написи дека пејачката има афера со нејзиниот менаџер Данијел Блажиќ Блашко.
Како што се пишуваше во тамошните медиуми, Александра и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ присуствувале на забавата кај Аца, но наводно таму дошло до голема караница затоа што посинокот на Лепа Брена бил љубоморен што неговата сопруга цела ноќ зборува со менаџерот.
„На Филип му пречеше тоа што Александра и Блашко цела вечер си шепотат и се насмевнуваат.
Тој во еден момент доби таков напад на љубомора, па поцрвене од гнев и ја обвини дека го изневерува со Блашко“ – пишуваа во тој период српските медиуми повикувајќи се на изјави од очевидци.
Но, откако се појавија пишувањата дека Александра има афера со менаџерот и дека заради тоа настанал скандалот, други побрзаа да објаснат дека наводно менаџерот имал конфликт со некој друг од гостите и Филип само станал за да ја смири ситуацијата, а наводно присутните ја искористиле ситуацијата и им дале неточни информации на медиумите со цел да ја оцрнат Александра.
Дел од медиумите пишуваат дека приказната била изрежирана од страна на нејзина колешка која е многу љубоморна на успехот, па пласира трачеви.
На прес конференцијата пред првиот концерт во Белград, Александра беше прашана за наводната афера, по што таа стана и си замина, а рече дека нема намера да ги коментира таквите лажни написи за неа.
Инаку, пејачката била застапена во медиумите заради скандали уште двапати: еднаш за фотката на која наводно таа е целосно гола, а вторпат кога призна дека удрила девојка во публиката.