„Ме крена на фрижидер, ме силуваше додека децата во другата соба ја рецитираа ‘Оче Наш’“ - Милена Радуловиќ повторно на суд
Освен за овој инцидент, Милена раскажа за уште еден што се случил истата година, кога професорот ја качил на фрижидер ѝ ги тргнал гаќичките, а кога едно момче дошло до вратата, Мика ја штипнал за бутовите и ѝ наредил да го чека.
Присутните во салата повторно беа згрозени од прашањата што адвокатот на Мирослав ѝ ги постави на Милена во судницата:
Адвокатот: „Велите дека се сеќавате кога сте носеле хулахопки, а кога не, затоа што Мика ви велел: ‘Сега е многу полесно’. Како ја доживувате таа реченица?“
Милена: „Може да почне да ме силува со помал напор.“
Адвокат: „А вие доаѓавте без хулахопки за да му олесните да ве силува?“
Потоа тој ја испрашувал и за силувањето врз фрижидерот, па побарал да објасни како била во полулежечка положба?
Милена: „Колковите ми беа на крајот на фрижидерот, а главата на ѕид.“
Адвокат: „Дали ви ја скина долната облека?“
Милена: „Не.“
Адвокат: „Дали му помогнавте да ве соблече без да ви ја оштети облеката?“
„Дали пенетрираше во вас за време на силувањето?“, „Дали ве лижеше или ве допираше со усните?“, „Зошто не излеговте без гаќи во ходник и да барате помош и да кажете дека сте силувани?“...
Ова се само некои од ужасните прашања што адвокатот на Мика ги постави. Голем дел од нив беа отфрлени од судот, а на крај и адвокатот заработи казна од 100.000 динари.
Милена, пак од друга страна призна дека во тој период имала суицидни мисли и сакала да посегне по сопствениот живот и дека тоа бил мошне тежок период.
Прочитајте и „Присуствував на судењето на Милена Радуловиќ, се згрозив од прашањата кои ѝ беа поставени – Како реагираше таа?“
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм