Бира само познати девојки, сестра му се жртвувала за неговата кариера - Факти за кошаркарот Богдан Богдановиќ
- Детали
- недела, 17 септември 2023
Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ, повторно е спортски херој, откако со репрезентацијата освоија сребро на Светското првенство. Па, освен што се пишуваше за неговите спортски подвизи, јавноста повторно ја заинтригира и неговиот љубовен живот и познатите дами со кои беше во врска - актерка, тенисерка, манекенка...
Кошаркарот Богдан Богдановиќ со српската репрезентација заврши на второто место на Светското првенство што се играше Индонезија од 25 август до 10 септември.
Капитенот на репрезентацијата, кој е и член на „Атланта Хокс“, иако е вистинска ѕвезда, вели дека никогаш не дозволил славата да го смени.
Тој од 2017 година живее во Америка, но не ги заборава корените, ни семејството, кое му е на прво место.
Кошаркарот не крие дека токму тие жртвувале сè за да му овозможат да почне професионално да се занимава со спорт, а дека најголемата жртва ја направила неговата помала сестра.
?
Богдан завршил електротехничко училиште во Белград. Неговите родители не биле богати – татко му Драган бил комерцијалист, а мајка му Ковиљка работела како касиерка.
„Семејството е темел на сè. Родителите ни всадија мене и на сестра ми исправен начин на размислување. Прво да го правиме тоа што го сакаме, да уживаме во својата работа и да го чуваме семејството и тој најблизок круг околу себе. Да бидеме добри луѓе.
Моето семејство е исполнето со љубов и среќа. Многу сум им благодарен за сè што направија за мене и сестра ми. Имавме и тешки моменти, но секогаш го имавме тоа што ми требаше за да уживаме и да бидеме среќни“, изјавил тој во едно интервју.
Тој откри дека неговите родители ја напуштиле Црна Гора за да им овозможат подобри услови за образование и иднина на децата, а со тоа ги ставиле нивните животи во втор план.
Се преселиле во Белград, каде што се родил Богдан на 18 август 1992 година.
Богдан има помала сестра, Бојана, која му е најдобра пријателка и која со него се преселила во Америка.
„Секогаш бевме заедно на училиште. Таа долго време ми беше обезбедување од сè, ме бранеше од сите. Mногу е силна. Таа се откажа делумно од својот живот за да ми се посвети мене.
Првата година по преселбата во САД баравме што ќе работи, но без искуство и диплома од некој од нивните факултети не можеше да најде конкретна работа“, раскажал кошаркарот.
Тој признава дека ѝ е многу благодарен што жртвувала една година од животот за него.
„Тогаш решивме дека треба да ги заврши студиите. Таа жртвуваше една година од својот живот, ми се посвети мене, ми помогна со организацијата и животот во Америка, да се адаптирам.
Тоа е неверојатен културен шок, промената на средината е причината поради која многу луѓе таму стануваат асоцијални. Осаменичкиот живот е многу лош. Бојана одигра важна улога во тоа време, ме спои со некои луѓе“, се присети Богдановиќ во едно интервју на минатото.
Откако Богдан основа своја фондација, Бојана го води кампот за кошаркари и фондацијата на брат ѝ и се труди да биде дел од хуманитарни активности кои ги поддржуваат младите талентирани спортисти.