По јавните превирања, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ пак заедно – Се фотографираа за роденденот на ќерките
- Детали
- петок, 08 септември 2023
По јавните превирања на социјалните мрежи Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно. Тие двајца одлучија да ги остават недоразбирањата настрана и да се фотографираат заедно за роденденот на ќерките.
Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера (07.09) го прослави роденденот на нејзините ќерки Ника и Атина во еден белградски хотел.
По превирањата на социјалните мрежи, Јелена и Душко, кои во моментов водат постапка за развод, решија на една вечер да „прогласат примирје“ и да го прослават роденденот на ќерките.
Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии на кои се гледа како го прославиле 15-иот роденден на Атина и 14-иот роденден на Ника.
Јелена на роденденот носела бел провокативен фустан, додека Душко за оваа пригода избрал елегантен костум.
За потсетување, пред само два дена сите српски портали пренесоа за превирањата на социјалните мрежи меѓу Душко и Јелена, откако таа во едно интервју го нарече најголемата грешка во нејзиниот живот, по што тој сподели цитат од Иво Андриќ на социјалните мрежи:
„Кутар е оној што мора некого да понижи за себеси да се воздигне!“