Цеца за бременоста на Анастасија, но и за уште една принова во семејството: „Вељко сака ќерка“

Српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ, за српските медиуми даде изјава во која откри дека наскоро може да се очекуваат уште дечиња во нивното семејство. Таа синоќа се појави на една модна ревија во Белград, каде зборуваше и за тоа како се чувствува нејзината ќерка Анастасија во бременоста.

ceca-za-bremenosta-na-anastasija-no-i-za-ushte-edna-prinova-vo-semejstvoto-veljko-saka-kjerka-01.jpg

Оние што редовно го следат нејзиното реално шоу „Цеца и деца“ знаат дека пејачката сосема отворено зборува за сите случувања во нејзиното семејство.

ceca-za-bremenosta-na-anastasija-no-i-za-ushte-edna-prinova-vo-semejstvoto-veljko-saka-kjerka-02.jpg

Се знае дека Анастасија е во петтиот месец од бременоста и дека таа нејзиниот партнер Немања Гудељ очекуваат ќерка, а дел од српските медиуми пишуваат дека планираат да се венчаат во свечена церемонија во Севиља, каде што живеат, а дека следната година најверојатно ќе направат и голема традиционална свадба во Србија.

ceca-za-bremenosta-na-anastasija-no-i-za-ushte-edna-prinova-vo-semejstvoto-veljko-saka-kjerka-05.jpg

Цеца во својата изјава за медиумите, не ја криеше радоста дека наскоро ќе има уште една принова во семејството, па рече:

„Го чекам третото внуче. По вториот внук Крстан, ја чекаме принцезата на Анастасија и Немања и многу се радуваме. Жељко ни дојде прв. Не постои нешто поубаво во едно семејство од тоа да се раѓаат деца“ – рече таа.

ceca-za-bremenosta-na-anastasija-no-i-za-ushte-edna-prinova-vo-semejstvoto-veljko-saka-kjerka-03.jpg

Цеца откри дека внукот од синот Вељко, Жељко одлично го прифатил новото братче, што се роди во април годинава, а сите во семејството се радуваат што наскоро ќе имаат и едно девојче.

Откри дека Вељко и неговата сопруга, Богдана, планираат да имаат уште деца, а се надеваат дека по два сина конечно ќе добијат и ќерка.

„Го прашав Вељко дали сака трето дете кога Крстан ќе зајакне и што би сакал да добие, а тој ми рече ќерка“ - откри Цеца.

ceca-za-bremenosta-na-anastasija-no-i-za-ushte-edna-prinova-vo-semejstvoto-veljko-saka-kjerka-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Вељко и Богдана добија трет син - ако имаат четврто, ќе им биде последно „Слава му на Бога. Ми се роди третиот син, Исаија“, напиша синот на Цеца на Инст...
Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео) Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ ...
Едвај преживеал кога имал 14 години, пред Богдана го поврзуваа со старлети – Факти за Вељко Ражнатов... Пред да стапи во брак со Богдана го поврзуваа со голем број познати белграѓанки,...
Цеца за Анастасија: „Разбирам зошто не си доаѓа, најголемата болка годинава ја доживеав заради неа“ „Годината беше шаренолика. Имав многу успешни концерти, многу радости, среќа, а ...
Цеца во „скромен“ аутфит од над 35.000 евра, Анастасија си дојде од Шпанија – Како се славеше раѓање... „Цел ден сум во истата облека, цел ден трчам и работам“ – им се пожали Цеца Ражн...
Бившиот на Цеца очекува бебе со некогашната Мис Србија – се венчаа неодамна, таа е во добар однос со... Со фотка на која ѝ го бакнува трудничкото стомаче и ехо снимка, Богдан Срејовиќ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg