Ким Кардашијан си ги обои автомобилите во иста боја како палатата (потроши 100.000 долари за да ѝ бидат во тон)
Ким внимава на сите детали кога е изгледот во прашање. Така, освен што е впечатлива со модните изданија, Ким вложува и го менува изгледот на своите автомобили, со цел да биде поинаква од останатите познати личности.
По целосно црните изданија по кои беше препознатлива минатата година, Ким има нова омилена боја - сива. Милијардерката Ким Кардашијан потроши 100.000 долари за нејзините автомобили да бидат во иста боја со нејзината палата.
Таа во текот на изминатите денови ги покажа своите автомобили, Lamborghini Urus, Rolls Royce Ghost и Maybach S 580 Pantone, а откри дека дала дополнителни 100.000 долари за тие да бидат во иста боја како нејзината палата.
„Навистина сакав нешто поинакво и сакав моите автомобили да се стопат со средината. Куќата ми е сива и сакав автомобилите да ми се во согласност со куќата, па затоа ги обоив сите автомобили во сива боја“ – рече таа за Vogue.
Но, за да го добие тоа што го сака Ким морала да одвои малку поголема сума. Со оглед на тоа што нејзините автомобили сакала да ги обои во доста специфична сива боја, позната и како Rolls-Royce сива што се добива само по нарачка, таа потрошила 100.000 долари само за бојата.
Освен тоа, Ким одлучила да направи и детална промена на предницата на нејзиното Lamborghini Urus по што овој автомобил ќе се разликува од сите останати вакви модели на автомобили.
Од сервисот што редовно се грижи за изгледот на автомобилите на ријалити ѕвездата, Platinum Motorsports, велат дека во моментов сѐ поголем број нивни клиенти го бараат препознатливиот изглед на Ким автомобилите.
Инаку, ова не е првпат Ким да ги однесе своите автомобили на уникатно стилизирање и дотерување. Таа е редовен клиент и заштитно лице на споменатата работилница.
Б. С. Б. | Црнобело