Лоши вести за Балканците: Нема повеќе „Пасати“, што ќе возиме во наредните години?
Еден од најпопуларните автомобилски марки на овие простори, германскиот Volkswagen (VW), одлучи да го прекине производството на седан моделот Passat за европскиот пазар.
Многу Балканци се навикнати токму на ова возило кое е препознатливо по локалните улици. Ова возило е вистинска слика за нашиот стандард, економските можности и балканскиот возен парк.
Овој потег се најавуваше во последните две години, а причините за ваквата одлука се зголемената продажба на караванот Passat и постоењето на слично позиционираниот Arteon.
Passat е достапен како седан и караван од 1973 година, кога беше лансиран оригиналниот модел.
Се шпекулира дека овој потег ќе го отвори патот за идниот Aero B.
Ова целосно електрично возило моментално е во развој и е инспирирано од дизајнот на концептот ID Space Vizzion за 2019. Aero B се очекува да пристигне на пазарот и како седан и караван.
Наводно, Aero B е само работното име на моделот, а VW би можел да го промени за да ја следи воспоставената шема за именување и идентификација на електрични возила.
Неговата премиера се очекува кон крајот на оваа или почетокот на 2023 година.
Како дел од реорганизацијата на производството, Volkswagen го повлекува и големиот миниван Sharan, како и модели од својот концерн, Seat Mi и Škoda Citigo.
Audi пак, ќе престане да го произведува спортското купе ТТ, кое долго време е заштитен знак на компанијата.
Кои други модели на автомобили се повлекуваат од производство?
Citroen го повлекува моделот C1, а Peugeot својот најмал автомобил 108. Mazda ќе се збогува со малиот SUV CX-3, а неговата улога ќе ја преземе поголемиот CX-30.
Renault Talisman и Ford Mondeo, во седан и караван варијанта, исто така, годинава ќе ги напуштат салоните за нови автомобили.
Renault ќе се збогува и со Scenic и Espace – мини комбињата кои одамна го изгубија чекорот со теренците и повеќе не можат да се носат со новите продажни бројки. Mercedes веќе го укина Smart EQ forfour.
За кој модел на автомобил ви е најмногу жал што повеќе нема да се произведува?
(О)Милена | Црнобело