Kia Motors ве води на виртуелна прошетка низ салонот – запознајте се со автомобилите од дома
Одберете го посакуваниот модел, одберете агол од кој сакате да го видите автомобилот, погледнете како изгледа моторот, но ѕирнете и во ентериерот на автомобилите - KIA Motors нуди опција за виртуелна прошетка низ салонот и запознавање со нивните модели.
Во овој период додека владее пандемијата со корона вирусот, сите се обидуваме максимално да ги почитуваме препораките за социјална дистанца, а компаниите им излегуваат во пресрет на купувачите.
Kia Motors Macedonia води грижа за своите клиенти и воведува нова револуционерна опција – виртуелна прошетка низ салонот.
Со оглед на моментална ситуација, препораките за социјална дистанца, како и полицискиот час со ограничено движење, Kia Motors им излегува во пресрет на оние кои сакаат да разгледаат различни модели за автомобили и да се одлучат за најдобриот и од дома.
Благодарение на оваа опција, сега имате можност да направите виртуелна прошетка низ салонот на KIA и да погледнете 3D приказ на сите модели и подобро да се „запознаете“ со секој од нив.
Опцијата за виртуелна прошетка нуди можност да одберете модел за кој сте заинтересирани, при што „влегувате“ во салонот и имате приказ на автомобилот од различни агли, а може да ги погледнете и сите карактеристики на автомобилот однадвор и одвнатре.
Како изгледаат автомобилите од напред, од назад и странично, какво осветлување имаат, каде се наоѓаат камерите за паркирање, како изгледа ентериерот, кои се карактеристиките и опремата со која располагаат автомобилите - сето ова ќе може да го видите само со еден клик.
ТУКА може да го посетите салонот виртуелно и од дома да ги разгледате моделите на KIA Motors.
https://www.facebook.com/KIA.MKD/photos/a.399999626758379/2877634688994848/