Најпродаваната боја на Опел Корса е сивата, се произведувала и во Југославија - Факти за германскиот автомобилски бренд

Опел Корса е автомобил којшто на сите ни е познат по својата компактност, економичност и сигурност. Неговото производство за првпат е започнато во 1982 година, а низ целиот свет се продава и под брендовите на Воксал, Шевролет и Холден.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa-01.jpg

Зборот „Corsa“ на италијански значи трка, па затоа и многу често овој модел може да се сретне со три врати, а редовно има и спортска верзија.

Доколку се земе предвид годишната инфлација од 2%, денешниот модел на Корса би бил поевтин отколку првиот произведен модел во 1982 година. Во минатото некои модели на Корса имаа исти делови со спортскиот автомобил Лотус Елис.

Најчестата боја на Корса што се купува е сивата, а најновиот модел ќе излезе во дури 13 различни бои.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa (1).jpg

Првиот модел Корса А излегол во продажба во 1982 година за пазарите во Франција, Италија и Шпанија, земји каде што малите автомобили држат голем дел од продажбата.

Овој модел се произведувал во Шпанија, во Сарагоса и во Југославија, во Кикинда, па оттаму и неговата популарност на овие простори.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa (5).jpg

Моделот Корса Б се појавува во 1993 година со реклама во која учествуваат тогаш најпознатите топ модели Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Кристи Тарлингтон и Линда Еванџелиста.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa (4).jpg

Други познати личности вклучени во маркетинг кампањите за Опел Корса се: Шон Пол, Клаудија Шифер, готвачот Џејмс Мартин и онлајн бендот The C’mons.

Корса Ц е претставена на пазарот во 2000 година, а во 2003 година добива и рестилизирање.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa (3).jpg

Опел Корса модел Д почнува да се произведува во 2006 година, а во 2007 излегува и првата хибрид верзија на Корса.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa (7).jpg

Следејќи го примерот на претходниот модел, Корса Е продолжува со иста големина на внатрешниот простор и го подобрува изгледот на надворешноста, како и на внатрешноста во делот на таблата со инструменти.

Interesni-fakti-za-Opel-Corsa (6).jpg

Најновиот модел на Опел Корса (Корса Ф) ќе излезе ова лето 2020 година и за првпат ќе понуди целосно електрична варијанта покрај останатите стандардни модели.

Моделот е веќе ставен во финалната конкуренција за AUTOBEST 2020 наградата, која ќе биде доделена во декември оваа година.

Најновата Корса е изградена на системот CMP (Common Modular Platform), шасија развиена од PSA Peugeot Citroen, што овозможи автомобилот да биде полесен за 108 килограми и со тоа ќе биде најлесната Корса во историјата која тежи под 1 тон.

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg