Мраз на бришачи, брава, шофершајбна - Како да ги одмрзнете без да ги оштетите?

Картонот и чорапите се „алатките“ што ќе ве спасат од напорното чистење и „одмрзнување“ на автомобилот...

kako-pravilno-da-go-odmrznete-avtomobilot-bez-da-predizvikate-shteta-01.jpg

Ако навечер поставите картон на шофершајбната, стаклото нема да замрзне во текот на ноќта. Бришачите, пак можете да ги заштитите со обични чорапи.

Доколку не стигнавте да го направите ова и автомобилот ви замрзнал, многу е важно правилно да се ослободите од мразот за да не направите никаква штета.

На пример, тргањето на мразот од бришачите и прскањето на шофершајбната со течност не само што не ефикасно, туку може и да го оштети автомобилот.

kako-pravilno-da-go-odmrznete-avtomobilot-bez-da-predizvikate-shteta-02.jpg

Доколку се обидете да ги вклучите бришачите кои се „залепени“ за стаклото, можете да предизвикате проблем со електромоторот или механизмот. Стругањето на мразот од бришачите е лоша идеја бидејќи не само што ќе ги оштетите, туку потоа ќе оставаат траги на стаклото.

Доколку е замрзната вратата, немојте никако да ја отворате на сила. А, ако не го отстраните снегот од кровот или хаубата, ќе бидете опасен учесник во сообраќајот.

kako-pravilno-da-go-odmrznete-avtomobilot-bez-da-predizvikate-shteta-03.jpg

На моторот, пак, му е потребно подолго време да ја постигне потребната температура кога времето е студено, па важно е да го имате ова предвид.

Додека го чистите автомобилот можете да го вклучите го моторот, но потоа немојте да чекате да се загрее. Моторот побрзо ќе ја достигне оптималната температура ако возите.

Погледнете како правилно да го одмрзнете вашиот автомобил:

Брави

Доколку вашиот автомобил нема систем за далечинско отклучување и заклучување, во отворот на бравата може да испрскате малку течност за подмачкување.

kako-pravilno-da-go-odmrznete-avtomobilot-bez-da-predizvikate-shteta-04.jpg

Направете течност

Ако не сакате да го стругате мразот од стаклото, можете да направите ваша течност за одмрзнување. Измешајте 1 литар алкохол, 1 децилитар вода и 1 лажичка средство за миење садови.

Бришачи

Како што напоменавме, на бришачите можете одвечер да им ставите чорапи. Освен тоа, можете и да ги подигнете и да ги оставите така во текот на ноќта.

Ретровизори

И ретровизорите можат да замрзнат како стаклата, но нема потреба да го стругате мразот од нив. Доволно е навечер да ставите пластична кеса врз нив, а можете да ги одмрзнете и со течноста што ќе ја направите самите.

kako-pravilno-da-go-odmrznete-avtomobilot-bez-da-predizvikate-shteta-05.jpg

Употребете картичка

Доколку не сте во можност да искористите ништо друго, можете да го отстранете мразот од стаклото со кредитна или некоја слична картичка.

Спирова С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg