25 години мотоцентар - прв избор за гуми: Семеен бизнис започнат во 1994 година кој успешно се гради и развива

Оваа година, најголемата продажно – сервисна мрежа за гуми во Македонија одбележува јубилеј - 25 години континуирана и активна работа.

25-godini-motocentar-prv-izbor-za-gumi-semeen-biznis-zapochnat-vo-1994-godina-koj-uspeshno-se-gradi-i-razviva-01.jpg

“Мотоцентар“ ја започнува деловната активност со основна дејност: продажба и третман на пневматици. Низ годините што следуваат, Компанијата го диверзифицираше бизнисот во повеќе правци, пред сè, со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша, со кои во периодот од две и пол децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка.

25-godini-motocentar-prv-izbor-za-gumi-semeen-biznis-zapochnat-vo-1994-godina-koj-uspeshno-se-gradi-i-razviva-03.jpg

Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги, пред сè, преку изборот и унапредувањето на вистинските луѓе и професионалци кои се ангажирани во Компанијата.

Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 8 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 100 вработени.

25-godini-motocentar-prv-izbor-za-gumi-semeen-biznis-zapochnat-vo-1994-godina-koj-uspeshno-se-gradi-i-razviva-02.jpg

Како општествено – одговорна Компанија одржува долгогодишно пријателство со Специјалната Олимпијада на Македонија и со моментално најдобриот македонски тркач со спортски автомобили, Игор Стефановски - Иџе.

25-godini-motocentar-prv-izbor-za-gumi-semeen-biznis-zapochnat-vo-1994-godina-koj-uspeshno-se-gradi-i-razviva-04.jpg

Веќе неколку години по ред, “Мотоцентар“ соработува и со Меѓународната Асоцијација “ДФЦЦА“ (DFCCA - Drive for colon cancer awareness) со која, по повод одбележувањето на јубилејот “25 Години Мотоцентар“ беше реализирана хуманитарна акција. Во рамки на настанот, во организација на “Мотоцентар“, се одржа и првата изложба во Македонија на модели од најуспешното произведено возило во светот - “Porsche 911 Carrera“.

Како дополнение кон одбележувањето на јубилејот, за сите потрошувачи, во тек на цел месец Октомври се спроведува акцијата “Moтоцентар 5% Cashback“. Повеќе информации за програмата можете да погледнете на: http://motocentar.mk/PromociiStrana.aspx?lngId=1&IdPromocija=49 .

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg