На латински значи: „Јас се вртам“ - Факти за Волво кои ќе ве изненадат
Волво е познат производител на автомобили кои се истакнуваат по својот квалитет, инженерство и луксуз.
Многумина го сакаат Волво заради автентичниот скандинавски дизајн. Но, малкумина ги знаат следните факти коишто можеби ќе ве натераат да гледате поинаку кон овој бренд:
1. На латински зборот Волво значи: „Јас се вртам“.
2. Волво е формирана во 1924 година од страна на Густав Ларсон и Асар Габриелсон.
3. ÖV 4 е првиот Волво автомобил произведен за продажба во 1927 година. Тој имал 2 литарски мотор со 4 цилиндри и го добил прекарот „Jakob“.
4. Првото комерцијално возило на Волво бил Type-1 камионот произведен во 1928 година, кога бил произведен и вториот автомобил Волво PV 651. Во првата година биле произведени вкупно 1383 парчиња од двете возила, од кои 27 биле за извоз.
5. Овој тренд на мало производство нагло се зголемил во 1932 година, кога биле произведени вкупно 10.000 автомобили и камиони.
6. Меѓутоа компанијата започнала да прави голем профит дури во 1935 година, со првото луксузно возило од Волво, PV36. Овој автомобил можел да превезе 6 патници, а чинел 8,500 Шведски круни.
7. 1941 година е важна за Волво бидејќи тогаш го продале 50.000 возило, а тоа е импресивно достигнување со оглед на тоа дека е направено додека траела Втората Светска Војна.
8. Во подоцнежните години Шведската автомобилска компанија постави нови стандарди во безбедноста со воведување на подобрениот безбедносен појас во своите возила.
9. Во текот на педесетите години Волво го надмина својот вкупен дотогашен профит и компанијата стана толку моќна што почна да нуди 5 годишно осигурување на сите видови на нивните возила. Дотогаш ниту еден производител не дал толку долга гаранција.
10. Во 1957 Волво повторно постави нови стандарди во безбедноста со воведување на безбедносниот појас со две точки на закачување, што ја трансформираше автомобилската безбедност.
11. Автомобилот Волво 144 го изненади целиот свет со некои неверојатни карактеристики, но најважно е тоа што беше прогласен за најбезбеден автомобил на декадата. Моделот имаше волан кој може да се спушти, безбедносни појаси со три точки на закачување, целосно нови брави и диск-сопирачки.
(О)Милена | Црнобело