Промотивна кампања на Volvo Cars, пристигнува и новиот S60!

Со почетокот на месец Октомври, пријатно изненадување од Volvo Cars Македонија! Официјалниот застапник на Volvo Cars за Македонија, Premium AGS, најави кампања со промотивни цени за сите автомобили на лагер. За сите оние кои се заинтересирани да зачекорат во светот на Volvo, Октомври е вистинскиот месец да го сторат тоа.

promotivna-kampanja-na-volvo-cars-pristignuva-i-noviot-s60-01.jpg

Бенефициите се однесуваат за сите модели на Volvo кои во моментов се изложени во салонот на Volvo Cars во Скопје, а тоа ги вклучува V40, XC40, XC60, XC90, како и V60 и S90. Промоцијата доаѓа откако изминатиот месец, Volvo започна со промоција и на новиот начин на финансирање: Volvo Car Финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% и отплата до 84 рати (во соработка со S-Leasing).

promotivna-kampanja-na-volvo-cars-pristignuva-i-noviot-s6002.jpg

Од Premium AGS најавија уште два важни настани кои се планирани во текот на оваа кампања, а тоа е домашната премиера на новиот Volvo S60 – модел кој конечно пристигна во Македонија (и тоа во R-Design изведба), како и специјален настан за сите заинтересирани за запознавање со моделите на Volvo – Отворен ден во салонот во Скопје кој ќе се одржи кон средината на Октомври.

Поканата за посета на новиот салон на Volvo Cars во Скопје е отворена за сите, така што Ве охрабруваме да го посетите новиот дом на овој шведски бренд и да направите тест возење на моделот за кој сте заинтересирани.

Закажете тест возење тука: https://www.volvocars.com/mk/test-drive

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg