Каков автомобил сакаат младите?

Доколку во минатото поседувањето на автомобил значеше луксуз, во сѐ подинамичното општество во кое живееме сега значи неопходност. Од таа причина, глобалните производители на автомобили секоја година се трудат да произведат сосема нови или понови верзии на веќе постоечките брендови и истите да ги позиционираат на пазарот на тој начин што би ги задоволиле потребите на сите купувачи.

kakov-avtomobil-sakaat-mladite-01.jpg

Младите луѓе, односно студентите, се секогаш во чекор со најновите технологии, ги следат најновите трендови и затоа точно знаат кој автомобил е најквалитетен, со најдобри перформанси, а сепак со цена достапна за нив. Последните истражувања покажаа дека најзначајни карактеристики за младите кои треба да ги поседува еден автомобил се модерниот изглед, комфорот во внатрешноста и багажникот и безбедностите алатки кои ги поседува истиот. И секако, најважно од сѐ е автомобилот да има карактер.

Токму таков автомобил е моделот i30 на Hyundai, најпознатиот производител на возила од Јужна Кореја, кој воедно е и прв избор на бренд на автомобил на студентите според истражувањето на STUBRAND во Македонија во 2019 година. Неговиот великодушен и удобен внатрешен простор, како и кориснички ориентираните карактеристики, го прават секое патување радосно. Па затоа, сите што живеат во највозбудливата фаза на животот треба да помислат токму на i30!

kakov-avtomobil-sakaat-mladite-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg