Како да се стоплите во автомобилот без да вклучувате греење во зима?
Со ниските, зимски температури, вистински предизвик е влегувањето во ладен автомобил, додека да се загрее.
А, од некои причини, доколку греењето не може да се вклучи, возењето може да премине во „преживување“.
Посебно, ако треба подолго да возите и патувате, а греењето не работи, не можете да го вклучите или го немате, чувството може да биде многу непријатно, но не треба да оставите да мрзнете.
Постојат начини како да се стоплите и без вклучување на греење во автомобилот, па бидете подготвени за претстојните студови.
Искористете ги овие трикови и обидете се да набавите некои додатоци, кои најчесто се наоѓаат онлајн:
Вклучете го возилото 10-15 минути пред тргнување, за работата на моторот да додаде топлина
Набавете преносен греач за во автомобил
-->
-->
Користете покривка за шофершајбна, за да ја заштити од смрзнување
-->
Набавете чаша за патување која се загрева во автомобил
Или носете си термос кој го држи напитокот топол
Набавете си специјални греачи за седишта
Секогаш имајте топли ќебенца во автомобилот за покривање или прекривање на ладните седишта
М. М. | Црнобело