8 лесни трикови за автомобилот, кои ќе им го олеснат животот на возачите

Замрзнати стакла, замаглени прозорци, пневматици заглавени во кал кои шлајфуваат... Нема шофер кој барем еднаш не се соочил со некој од овие проблеми.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-01.jpg

Дали ви се случило да ви замрзнат бришачите или стаклото да ви се замаглува кога врне, па не гледате ништо пред себе?

Овие непријатности ги искусил секој што вози автомобил.

За среќа, постојат едноставни трикови со кои можете да решите некои од овие проблеми, а и да го споделите своето искуство со пријателите, па да им помогнете и на нив.

Ова се 8 лесни трикови за автомобилот, кои ќе ви го олеснат животот:

Влажни марамчиња за подобар мирис

Ако автомобилот ви мириса чудно кога ќе вклучите ладење или греење, а озонерот не ви помага, постои лесен начин да ја намалите непријатната миризба.

На местата каде што излегува воздухот, ставете влажни марамчиња со посилен мирис, па тие ќе го намалат непријатниот мирис во автомобилот.

Ова не значи дека непријатниот мирис целосно ќе исчезне и дека влажните марамчиња се 100% решение, но ќе го ублажат, а воздухот ќе мириса попријатно од претходно.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-04.jpg

Пена или гел за бричење против кондензација на прозорците

За да ја спречите кондензацијата на прозорците, премачкајте ги со пена или гел за бричење.

Нанесете го производот на исчистено и суво стакло со мека крпа, а потоа пребришете ја површината со хартиено шамивче.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-03.jpg

Со весник против замаглени прозорци

Ако прозорците ви се влажни и замаглени, полесно е да ги исчистите со лист од весник, отколку со крпа.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-06.jpg

Пелети за мачки за намалување на влажноста

Влажноста во автомобилот можете да ја намалите ако во внатрешноста ставите малку пелети за мачки.

Пелетите можете да ги врзете во стар чорап и да ги оставите покрај менувачот или на шофершајбната, а тие ќе ја апсорбираат влажноста.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-08.jpg

Ќесе против замрзнување на ретровизорите

За да спречите замрзнување на ретровизорите, навечер заштитете ги со ќеси и тоа ќе ја намали можноста тие да бидат прекриени со мраз до следното утро, па да мора да го „гребете“ мразот за да го исчистите огледалото.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-09.jpg

Кромид како заштита од замрзнување

Некои луѓе тврдат дека кромидот е одлична заштита против замрзнување на автомобилските стакла.

Пресечете го кромидот на половина, па премачкајте ги стаклата навечер - следното утро на нив нема да има мраз.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-05.jpg

Со алкохол и чорапи заштитете ги бришачите

Кога температурите ќе паднат под 0, се случува бришачите да се залепат на стаклата.

За да го избегнете тоа, или премачкајте ги со алкохол или заштитете ги со чорапи, кои само ќе ги извадите пред да тргнете.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-02.jpg

Патосница за да се „одглавите“ од кал или снег

Ако гумата на автомобилот ви е заглавена во кал или снег, најлесно ќе ја одглавите со помош на патосница.

Едноставно, поставете ја патосницата под пневматикот - наместо автомобилот да „шлајфува“ во место и да се заглавува уште повеќе, лесно ќе се помести нанапред или наназад.

8-lesni-trikovi-za-avtomobilot-koi-kje-im-go-olesnat-zhivotot-na-vozachite-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg