Корисни совети за возење во зима на лизгав и замрзнат пат

Најважното правило кога автомобилот ќе почне да ви лизга и почнувате да губите контрола е да не кочите нагло. Всушност, најважно е воопшто да не кочите, бидејќи блокираните тркала нема да ви дозволат да го контролирате автомобилот.

korisni-soveti-za-vozenje-vo-zima-na-lizgav-i-zamrznat-pat01.jpg

Иако веруваме дека знаете како треба да возите на мраз и снег, сепак прочитајте ги овие совети кои сигурно ќе ви бидат корисни. 

Многу е важно да ги смените летните гуми со зимски уште на крајот на есента.

Па, ако сте од оние што забораваат или го прават тоа во последен момент, ставете си потсетник во телефонот кој уште на почетокот на октомври ќе ве потсети дека е време за промена. Носете ланци во автомобилот, бидејќи не знаете кога може да ви притребаат.

Што друго треба да знаете и да направите?

Најопасни места за кочење

Местата каде луѓето најчесто сопираат се обично најлизгави: пред свиоци, на пешачки премини, пред автобуски постојки, на крстосници, пред семафори...

Бидете внимателни и кога се приближувате до мостови, тунели и влезови и излези на надвозници. Треба да ја задржите истата брзина таму и да почнете рано да сопирате со благо притискање на кочницата.

Во зима, растојанието помеѓу два автомобила треба да е двапати поголемо отколку во лето. Но, не оставајте премногу простор зашто некој друг можеби ќе посака да влезе во средината, а тоа е опасно за сите три автомобили.

Додека возите, не гледајте само во автомобилот пред вас, туку и во автомобилите кои возат пред него, и тоа барем во 3-4 автомобили. На овој начин ќе можете да ги видите опасните делови од патот пред автомобилот што вози пред вас да стигне таму.

Во зима не смеете да газите во исто време на педалата од куплунгот заедно со педалата за сопирање. Ова може да ги блокира тркалата и да се излизгате.

korisni-soveti-za-vozenje-vo-zima-na-lizgav-i-zamrznat-pat-07.jpg

Ако имате автомобил со ABS

Системот против блокирање на тркалата при сопирањето (ABS) е многу корисна карактеристика на сите нови автомобили, бидејќи ја неутрализира педалата на сопирачката на замрзнатите патишта ако кочите пребрзо и премногу силно.

Наместо нагло сопирање, системот предизвикува вибрирање на педалата, па можете да го свртите тркалото и да го ставите во почетната положба.

Ако автомобилот нема ABS

Ако вашиот автомобил нема систем против блокирање на тркалата при сопирањето, најдобар начин да сопрете е ако истовремено кочите и ја намалувате брзината на менувачот (од трета во втора, на пример) за да добиете механичко кочење.

При кочењето треба кратко да ја притиснете педалата на сопирачката и потоа целосно да ги одблокирате тркалата, пред целосно да закочите.

korisni-soveti-za-vozenje-vo-zima-na-lizgav-i-zamrznat-pat-04.jpg

Како да ја вратите контролата на автомобилот ако се излизгате?

Ако вашиот автомобил почне да лизга, не кочете нагло.

Ако вашиот автомобил има погон на задните тркала, тргнете ја ногата од педалата за гас и свртете го воланот во правецот на лизгањето.

Ако вашиот автомобил е со погон на предните тркала, потребно е да додадете само малку гас.

Штом автомобилот ќе престане да лизга, веднаш свртете ги тркалата во почетна положба (право), бидејќи во спротивно ќе почне повторно да лизга.

korisni-soveti-za-vozenje-vo-zima-na-lizgav-i-zamrznat-pat-02.jpg

Неколку корисни совети и трикови:

Проверете го патот. Кога возите по зимски патишта, кога сте на „прав пат“ притиснете ја благо и пуштете ја педалата на сопирачката. Ако чувствувате дека автомобилот застанува, патот е добар, ако не, тоа значи дека патот е замрзнат и треба да возите многу внимателно.

Поделете со два. Ако во лето возите со 100km/h, на истите места во зима (на снег и мраз) треба да возите со 50km/h. Ако во кривини на лето влегувате до 60km/h, тогаш во зима треба да забавите до 30km/h. На овој начин ќе имате доволно време да реагирате ако вашиот автомобил почне да лизга.

Површина по која возите. По кој било пат и да возите, сите 4 тркала нека ви бидат на ист вид површина. Ако две тркала се на снег, а другите две на мраз, тогаш може да се излизгате и мразот да ве исфрли од патот.

korisni-soveti-za-vozenje-vo-zima-na-lizgav-i-zamrznat-pat-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg