6 трикови за автомобилот кои ќе ви бидат од полза (без оглед што возите)
Паста за заби за фаровите, чорапи преку бришачите во зима... Кои трикови треба да ги знаете, а секогаш ќе можете да ги искористите, без оглед каков автомобил и да возите?
Во светот има преку 1.7 милијарди автомобили и секој од нив е уникатен на свој начин.
Но, постојат мали трикови кои ќе ви бидат од полза без оглед на тоа каков автомобил возите и колку долго го имате.
Кои се основните трикови за автомобилите кои треба да ги знаете?
Правилно наместете ги ретровизорите
Безбедноста во автомобилот секогаш треба да ви е приоритет, а тоа делумно ќе го постигнете и ако ви се правилно наместени ретровизорите.
Прво, осигурете се дека се чисти и дека се поставени „широко“, така што ќе можете да гледате што е можно повеќе зад вас, а не само задниот дел од автомобилот.
Со паста за заби исчистете ги фаровите
Пастата за заби е одлична за чистење валкани фарови, поради абразивните честички во нејзиниот состав.
Со паста можете да ги исчистите и ретровизорите и шофершајбната – ставете малку паста на сунѓер и поминете преку површината со кружни движења.
Потоа поминете преку површината со влажна крпа и на крај пребришете ја со сува крпа што не пушта влакненца.
Со фластер заштитете ги пукнатините на ветробранското стакло
Сигурно знаете дека жените ставаат лак за нокти за да не им се кинат хулахопките.
Но, ова не е трик кој помага да го заштитите ветробранското стакло ако ви пукне.
Наместо тоа, на пукнатината можете да ставите фластер, кој е само привремено решение за таа да не се шири.