Ф1: Одличниот Браун ГП
Екипата на Браун ГП оствари најдобри резултати на тестовите на стазата Каталуња покрај Барселона. Хонда во декември соопшти дека ќе ги...
...повлече сите свои екипи од спортските натпреварувања, а бившиот директор на екипата Рос Браун минатата недела го превзема тимот на Хонда и го нарече по своето презиме.
Возачот на екипата Браун ГП, Рубенс Баричело го извозе најбрзиот круг на стазата во Барселона.
Стариот тим со ново име уште еднаш потврди дека оваа сезона има одличен болид.
Но, исто така и на тестирањата во средата, клубскиот колега на Баричело, Џенсон Батон исто така извозе најбрз круг.
-->
-->
-->