Видео интервју со Тијана Дапчевиќ: „Коста ќе го ставам министер за труд и социјала, Јелена - за здравство“
- Детали
- среда, 04 декември 2019
Kаква е екипата зад камерите, која ѝ е омилена пцовка на германски јазик, кој актер има најзаразно смеење, но и на наше огромно задоволство ни ја одглуми колешката Јелена од Драчево. Тијана Дапчевиќ на гости во CRNOBELO.com…
Дали сте подготвени? Пристигнува новата сезона на Преспав, па по тој повод Тијана Дапчевиќ ни беше на гости во редакција. Со неа посебно ни тргна „муабетот“, па направивме исклучок од концептот за 3-минутни интервјуа.
Во 15-минутното видео, таа ни открива интересни детали за приватниот живот, но споделува и многу интересни моменти од снимањето на ТВ серијата.
Тијана вели дека знае да готви секакви јадења за синот, открива дека полицајците во Србија „обожаваат“ да ја казнуваат во сообраќај, а направи и интересна импровизација на влада од екипата на Преспав.
Погледнете го видео интервјуто со Тијана Дапчевиќ:
Н. С. | Црнобело