Видео интервју со Славчо Мишевски: Како е да се биде... таксист

Какви се улиците низ Скопје и колку има возачка култура, зошто тешко се наоѓа такси на дожд и како си го расположува денот? Славчо Мишевски или познат како најраспеаниот таксист, на гости во CRNOBELO.com...

video-intervju-so-slavcho-mishevski-kako-e-da-se-bide-taksist-2-001.JPG

Славчо Мишевски е дипломиран економист кој работи како такси возач. Тој секојдневно си ја прави работата попријатна така што си потпевнува и ги расположува оние кои се возат со него, па низ Скопје ја има добиено „титулата“ – најраспеан таксист.

Славчо нема телевизија, не користи социјални мрежи и интернет, но знае како сам денот да си го направи поубав и да се справи со секојдневните предизвици.

Тој раскажува каква е сообраќајната култура низ Скопје, кој му е најстрашниот инцидент за време на работа и одговара на многу прашања кои ги интересираат оние кои секојдневно се возат со такси, а не знаат многу за другата страна на професијата.

Погледнете го видео интервјуто со Славчо Мишевски:

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg